VILLA MICKAELA – Неа Плагиа 

VILLA MICKAELA – Неа Плагиа 

Неа Плагиа (грчки: Νέα Πλάγια) – во нормалниот говор Playa се наоѓа во Солунскиот Залив и е само 48 км од Солун со кој е поврзан со редовни автобуски линии, има одлична географска положба, благодарение на близината на овој голем град, како и одличната вска со  Халкидики, Касандра и Ситонија. Неа Плагиа беше основана од страна на доселеници од Мала Азија (Источна Тракија) во 1924 година, изградена на мочурливо земјиште во близина на манастирот  Карман, чии монаси дадоа несебична поддршка и помош во изградбата. Денес Неа Плагиа, припаѓа на општината Triglia , има околу 1.200 постојани жители кои се занимаваат со одгледување на маслинки, лубеници, грозје. Селото го слави Св. Ѓорѓи и го смета за заштитник. Неа Плагиа  е одличен избор за љубителите на пространи песочни плажи со уредено осветлено шеталиште,  зелени паркови и тивко место со малку сообраќај, со неколку таверни, продавници, спортски игралишта 

VILLA MICKAELA се наоѓа во Неа Плагиа на 50 м од прекрасната песочна плажа.

Апартман  Бр 3   за 4-5 особи. Со поглед на море

2 спалнио соби, во едната брачен кревет а во другата два единечни кревети

Посебна кујна, комплет опремена, можност да се додаде помошно креветче. Тераса со поглед на море . Клима,  Wi-Fi  вклучени во цената. 

Апартман  Бр 4   за 4  особи. На  50 m од плажа со поглед на море

2 спалнио соби, во едната брачен кревет а во другата два единечни кревети

Посебна кујна, комплет опремена. Тераса со поглед на море . Клима,  Wi-Fi  вклучени во цената.

Термин  20 Јуни 2019  10 ноќи   430 еур

Термин  30 Јуни 2019  10 ноќи   550 еур

                        Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.