You are currently viewing Вила Мина Лукс – Ипсос/Пирги 2025
Smestaj Krf

Вила Мина Лукс – Ипсос/Пирги

ОПИС:

Локација: Вила Мина Лукс се наоѓа на 150 метри од плажата и се состои од две згради.

Соби: Вилата има базен со лежалки (бесплатно) и се состои од двокреветни студија и четврокреветни апартмани (дуплекси). Сите соби имаат мини кујна, фрижидер, решо, прибор за соодветниот број на лица, тоалет, ТВ, клима (со доплата по желба) и балкони кои гледаат према базенот, ви-фи интернет (агенцијата не сносува одговорност за брзината и квалитетот на истиот). Во некои од студијата постои можност за додавање на трет дополнителен кревет. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Во дуплексите има две клими кои посебно се наплатуваат 5 евра од ден, по желба.

Плажа: 150 метри до плажа.

Координати:     39.706249420623905, 19.841539434566805

ЦЕНОВНИК: 

7 ноќи и  превоз  ВИЛА МИНА ЛУКС (базен)
Термин: ТИП СОБА РЕДОВНА ПО ЛИЦЕ BLACK FRIDAY
24.05 – 31.05 1/4

1/5

129€ 99€
1/3
1/2
149€ 109€

31.05 – 07.06

 

1/4

1/5

139€ 109€
1/3
1/2
159€ 119€
07.06 – 14.06 1/4

1/5

149€ 119€
1/3
1/2
169€ 129€
14.06 – 21.06 1/4

1/5

169€ 129€
1/3
1/2
189€ 139€
21.06 – 28.06 1/4

1/5

189€ 139€
1/3
1/2
209€ 159€
28.06 – 05.07 1/4

1/5

199€ 149€
1/3
1/2
219€ 169€
05.07 – 12.07 1/4

1/5

209€ 159€
1/3
1/2
229€ 179€
12.07 – 19.07 1/4

1/5

239€ 189€
1/3
1/2
259€ 209€
19.07 – 26.07 1/4

1/5

249€ 199€
1/3
1/2
269€ 219€
26.07 – 02.08 1/4

1/5

259€ 209€
1/3
1/2
279€ 229€
02.08 – 09.08 1/4

1/5

259€ 209€
1/3
1/2
279€ 229€
09.08 – 16.08 1/4

1/5

259€ 209€
1/3
1/2
279€ 229€
16.08 – 23.08 1/4

1/5

259€ 209€
1/3
1/2
279€ 229€
23.08 – 30.08 1/4

1/5

229€ 179€
1/3
1/2
249€ 199€
30.08 – 06.09 1/4

1/5

209€ 159€
1/3
1/2
229€ 179€
06.09 – 13.09 1/4

1/5

189€ 149€
1/3
1/2
209€ 169€
 

13.09 – 20.09

1/4

1/5

159€ 139€
  1/3
1/2
179€ 159€

20.09 – 27.09
1/4

1/5

149€ 109€
  1/3
1/2
159€ 129€

27.09 – 04.10
1/4

1/5

109€ 79€
  1/3
1/2
119€ 89€

Цената вклучува:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз

Цената НЕ вклучува:

  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 2 евра по соба на ден. Се плаќа во автобус.
  • Патничко осигурување 

Доплати и попусти:

  •  За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

Факултативи:

  • Посета на градот КРФ – посетата и прошетката низ стариот град е уникатно доживување кое не смее да се пропушти. Градот на светецот Спиридон, старата тврдина, плоштадот Листон, град кој потсетува на Дубровник и Венеција. Тука ќе ги дознаете сите значајни работи за градот, но и самиот остров преку нашиот водич кој ќе биде со вас за време на излетот
  • ТУРА СЕВЕР – Целодневен излет каде се посетуваат најубавите предели на островот. Фабриката за производство на ликери од традиционалното овошје КумКуат, плажата Палеокастрица, манастирот Богородица, аквариумот (опционално), највисокиот врв со прекрасен видиковец каде се гледа цела Палеокастрица, местото Сидари со познатиот канал на љубовта.
  • ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА ГЛИФАДА – Вистинско уживање на најпопуларната песочна плажа на островот, позната по неверојатно убавиот златен песок и прекрасна плажа. Целодневно уживање, сончање и капење. 
  • ЦЕЛОДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ низ североисточната обала на островот со вклучен ручек – Крстарење кое ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви ја наполни душата. Крстарење со повеќе застанувања. Капење на дива плажа и ручек (скара) на плажата. Ручекот е доста богат и вклучува два вида на месо, салата, леб и неограничено пиење на вино или сокови за време на ручекот. Посета на градот Касиопи и на враќање застанување крај пештера и посета на истата. 
  • Крстарење на Паксос и Антипаксос – целодневно крстарење до светски познатите мали острови кои се познати по неверојатната тиркизна боја на морето и песок бел како брашно. Пауза на еден од островите и можност за ручек и капење. 
  • АКВАЛЕНД – Посета на вториот по големина аквапарк во Европа, со безброј можности за адреналинско доживување, мрзлива река, безброј тобогани и уште многу интересни изненадувања ве очекуваат таму. 

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  •  На ПОПУСТ цените нема одбивање за сопствен превоз и за искористување на попустот се уплаќа целосната сума.
  • На ПРОМО  цени не следува попуст за споен термин, ниту намалување за сопствен превоз.
  • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
  • НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две)
  • Цена само за превоз 60 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот (поради општата ситуација со ковид 19, по препорака од страна на грчкото министерство за здравство, сопствениците на сместувачките капацитети, треба самите да проценат и одлучат дали во текот на престојот ќе го направат второто чистење, бидејќи е препорачано што помалку контакти, со цел одржување на безбедноста на самите гости. Секако достапни се чисти постелнини, пешкири и средства за чистење како џогери и метли). Агенцијата не може да влијае на одлуката на сопствениците, која е индивидуална во секоја куќа. Ви благодариме за разбирањето, се трудиме максимално да ја одржиме вашата безбедност за време на престојот)
  • Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
  • Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ