You are currently viewing Вила  Раниа-Неос Мармарас 2025

Вила  Раниа-Неос Мармарас 2025

ОПИС:

Неос Мармарас е најголемото приморско село на полуостровот Халкидики, на вториот крак Ситонија. Тоа е најкосмополитното место на Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

 Вила Раниа се наоѓа на 150м од плажа (3мин пешачење) и на 300м од центарот на градот.

Располагаме со 3 четворокреветни апартмани со две посебни соби, 2 трокреветни апартмани  и 1 петокреветен апартман. Сите апартмани се опремени со сопствена кујна( мини опремена), тоалет, тераси, дел од нив се со поглед на море, дел со поглед на планина.        http://raniahouse.gr/

 

ЦЕНИТЕ ОЗНАЧЕНИ СО * СЕ ПАКЕТ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ СО ГРАТИС ПРЕВОЗ, ПОПУСТИ СЕ ПРЕСМЕТАНИ

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/3 АПАРТМАН, ТРИ ЛИЦА ВО 1/4 АПАРТМАН И 4 ЛИЦА ВО 1/5 АПАРТМАН, ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА

ЦЕНОВНИК:

ТЕРМИН НАЕМ 1/3 АПП 1/4 АПП 1/5 АПП
25.05 7 ноќи *129 € *129 € *129 €
01.06 7 ноќи *139 € *139 € *139 €
08.06 7 ноќи *149 € *149 € *149 €
15.06 7 ноќи *179 € *179 € *179 €
22.06 7 ноќи *199 € *199 € *199 €
29.06 7 ноќи 540 € 590 € 650 €
06.07 7 ноќи 620 € 680 € 750 €
13.07 7 ноќи 670 € 780 € 850 €
20.07 7 ноќи 670 € 780 € 850 €
27.07 7 ноќи 670 € 780 € 850 €
03.08 7 ноќи 670 € 780 € 850 €
10.08 7 ноќи 670 € 780 € 850 €
17.08 7 ноќи 670 € 780 € 850 €
24.08 7 ноќи 590 € 680 € 750 €
31.08 7 ноќи 490 € 530 € 570 €
07.09 7 ноќи *179 € *179 € *179 €
14.09 7 ноќи *149 € *149 € *149 €
21.09 7 ноќи *99 € *99 € *99 €

 

Во цената е вклучено:

  • Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
  • Wi fi интернет
  • Клима уред

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во агенција
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Превоз- за возрасен 50еур / 40еур во еден правец ; деца од  2-11.99г. 40eур / 35 еур во еден правец; деца до 2год. (без седиште)-Бесплатно

СЛИКИ:

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ