You are currently viewing Вила Вула-Лептокарија 2024

Вила  ВУЛА  Лептокарија

Лептокарија е туристичка дестинација на Олимписката Ревиера , местото располага со многубројни улици со продавници, шеталиште,долга песочна плажа.
Вила Вула е  лоцирана на 50м од најубавата плажа во Лептокарија.  На 10 минути  од центарот.
Вилата е нова изградена во 2020 година. Самата вила располага со три ,четири и пет  креветни студија кои дел се со странчен поглед на море.Сите студија имаат тераси и се опремени со кујни,ТВ,wi-fi.

ОПИС:

1/3 СТУДИО   БР  2 –  се наоѓа  на високо приземје и е со засебен влез.  Студиото има сопствен балкон,  кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет , WC, клима и ТВ.
1/3 СТУДИО  БР 3 – се наоѓа  на високо приземје . Студиото има сопствен балкон,  кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет , WC, клима и ТВ.
1/4  СТУДИО БР  4 – се наоѓа на прв кат. Студиото има сопствен голем балкон со страничен поглед на море,  кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, два  брачени кревети грчки стандард  , WC, клима и ТВ.Со можност да се стави дополнително легло (фотелја на расклопување).
1/3 СТУДИО  БР 5 – се наоѓа  на прв кат . Студиото има сопствен балкон,  кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет , WC, клима и ТВ.
1/4  СТУДИО БР 6 –  се наоѓа на втор кат. Студиото има сопствен голем балкон со страничен поглед на море,  кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, два  брачени кревети грчки стандард  , WC, клима и ТВ.Со можност да се стави дополнително легло (фотелја на расклопување).
1/3 СТУДИО  БР 7– се наоѓа  на втор кат . Студиото има сопствен балкон,  кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, еден брачен кревет грчки стандард и еден единечен кревет , WC, клима и ТВ.
1/4  СТУДИО БР 8 – се наоѓа на трети кат. Студиото има сопствен голем балкон со поглед на море,  кујна во склоп на собата опремена со решо и мал фрижидер, два  брачени кревети грчки стандард  , WC, клима и ТВ.Со можност да се стави дополнително легло (фотелја на расклопување).

GPS : 40.0655, 22.56647

ЦЕНОВНИК:

 –10% на термините во МАЈ и ЈУНИ за резервација и уплата до 01.05.2024         

 термин ноќи  1/3студио  1/4студио 1/4+1студио
24.05.2024 9 100 промо  120 промо  130 промо
02.06.2024 7 155 175 185
09.06.2024 7 210 230 240
16.06.2024 7 240 270 280
23.06.2024 7 280 310 320
30.06.2024 7 330 350 360
07.07.2024 7 370 399 409
14.07.2024 7 399 419 429
21.07.2024 7 409 429 439
28.07.2024 7 430 450 460
04.08.2024 7 430 450 460
11.08.2024 7 399 419 429
18.08.2024 7 370 399 409
25.08.2024 7 340 360 370
01.09.2024 7 290 330 340
08.09.2024 7 270 299 309
15.09.2024 7 240 270 280
22.09.2024 7 155 175 185

Цените во табелите се во евра, плаќањето на аранжманот е  во денари, по курс 1 евро = 62 денари

СЛИКИ:

  Услови под кои важи аранжманот

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг),одобруваме 7% попуст на вториот термин попустите не се комбинираат.
  • Доплата на туристичка такса 1,5 € на студио од ноќ (се плаќа во Агенција )
  • Користењето на клима-уред, (5 € на ден) во студио.
  • WI-FI интернет -БЕСПЛАТНО (за јачина на сигнал не гарантираме)

Автобуски  превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот, цената изнесува:

  • За возрасни 2.780 мкд. (45евра)
  • За деца до 12 години 2,170 мкд. (35 евра) 
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

   ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 ч. по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 ч. по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман .
  • Доколку гостите не го почитуваат куќниот ред истите може да бидат избркани од страна на сопственикот на вилата и за тоа не добиваат обештетување од агенцијата.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во  агенција. 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ