Вила Зевс – Ипсос
  • Post category:Крф

Вила Зевс – Ипсос

ОПИС:

Локација: Вила Зевс се наоѓа на околу 400 метри од плажа, сместена во мирен амбиент во доста мирен дел од Пирги (Ипсос). Пред вилата се наоѓа реконструирано спортско игралиште, зад вилата се наоѓа преубав ридски предел покриен со маслинови дрвца, а недалеку од вилата се наоѓа продавница која работи до доцните вечерни часови. Овој комплекс се состои од две згради, сместени во прекрасно уреден двор од медитерански карактер каде е изграден луксузен базен со бар и лежалки достапен за користење за патниците сместени во вилата. 

Соби:Објектот е составен од двокреветни и трокреветни студиа. Студиата располагаат со мини кујна опремена со решо за готвење. Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења. Студиата се опремени со телевизор, бежичен интернет чива јачината на сигналот, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и опреретеноста на мрежата. Студиата располагаат и со клима уред која може да се користи со дополнителна наплата од 5 евра на ден која цена се уплаќа во самата вила. Студиата се на приземје и прв спрат. Студиата на приземје и на спрат располагаат со убави тераси коишто се преградени и кои нудат убав поглед кон спортско игралиште со изгрејсоце и кон дворот (внатрешната страна). Во самиот двор има место за складирање багаж, кадешто патниците ќе можат првиот и последниот ден да го оставаат својот багаж, како и тоалет. Студиата се чистат пред влегување на нова група патници, а за време на престојот патниците се задолжени за оддржување на хигиената. По самото реновирање на студиата, сопствениците водат грижа за штетата нанесена од патниците, со тоа што доколку истата е констатирана се наплаќа на лице место од џебот на патникот.

Плажа: 400 метри до плажа.

ЦЕНОВНИК: 

Поаѓање Враќање Ноќевања Цена Промо цена до 31.05
29.5.2021 05.6.2021 7 129 109
05.6.2021 12.6.2021 7 139 99
12.6.2021 19.6.2021 7 149 99
19.6.2021 26.6.2021 7 159 109
26.6.2021 03.7.2021 7 169 143
03.7.2021 10.7.2021 7 179 152
10.7.2021 17.7.2021 7 199 189
17.7.2021 24.7.2021 7 219 186
24.7.2021 31.7.2021 7 235 199
31.7.2021 07.8.2021 7 235 199
07.8.2021 14.8.2021 7 235 199
14.8.2021 21.8.2021 7 235 199
21.8.2021 28.8.2021 7 209 177
28.8.2021 04.9.2021 7 179 152
04.9.2021 11.9.2021 7 149 126
11.9.2021 18.9.2021 7 139 118
18.9.2021 25.9.2021 7 129 109
25.9.2021 02.10.2021 7 119 101
  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз!!!

Цената вклучува:

  • 7 ноќевања
  • Превоз

Цената НЕ вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Траект

Доплати и попусти:

  • Патниците коишто патуваат со организиран превоз задолжително треба да доплатат за билет за траект на релација Игуменица- Крф- Игуменица кој изнесува 15 – 30 евра чекаме официјална потврда на цените од траект компаниите ! Билетот е за во два правци.
  • Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст (се однесува само на еден кревет во студиото)
  • Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
  • Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет.

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!!
  • CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Доколку сакате да споите термин а термините се означени со ПРОМО, не се одбива за превоз на вториот термин без разлика дали користите превоз,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
  • Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ