You are currently viewing Вила Зевс – Ипсос 2025

Вила Зевс – Ипсос

ОПИС:

Локација: Вила Зевс се наоѓа на околу 400 метри од плажа, сместена во мирен амбиент во доста мирен дел од Пирги (Ипсос). Пред вилата се наоѓа реконструирано спортско игралиште, зад вилата се наоѓа преубав ридски предел покриен со маслинови дрвца, а недалеку од вилата се наоѓа продавница која работи до доцните вечерни часови. Овој комплекс се состои од две згради, сместени во прекрасно уреден двор од медитерански карактер каде е изграден луксузен базен со бар и лежалки достапен за користење за патниците сместени во вилата. 

Соби:Објектот е составен од двокреветни и трокреветни студиа. Студиата располагаат со мини кујна опремена со решо за готвење. Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења. Студиата се опремени со телевизор, бежичен интернет чива јачината на сигналот, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и опреретеноста на мрежата. Студиата располагаат и со клима уред која може да се користи со дополнителна наплата од 7 евра на ден која цена се уплаќа во самата вила. Студиата се на приземје и прв спрат. Студиата на приземје и на спрат располагаат со убави тераси коишто се преградени и кои нудат убав поглед кон спортско игралиште со изгрејсоце и кон дворот (внатрешната страна). Во самиот двор има место за складирање багаж, кадешто патниците ќе можат првиот и последниот ден да го оставаат својот багаж, како и тоалет. Студиата се чистат пред влегување на нова група патници, а за време на престојот патниците се задолжени за оддржување на хигиената. По самото реновирање на студиата, сопствениците водат грижа за штетата нанесена од патниците, со тоа што доколку истата е констатирана се наплаќа на лице место од џебот на патникот.

Плажа: 400 метри до плажа.

ЦЕНОВНИК: 

BLACK FRIDAY цените важат ИСКЛУЧИВО со целосна уплата до 02.12

 
7ноќи и превоз                         Зевс (базен)
Термин: Тип соба Реновирани соби

Редовна цена

BLACK FRIDAY
21.06 – 28.06 1/2
189

139
28.06 – 05.07 1/2
199

149
05.07 – 12.07 1/2
209

159
12.07 – 19.07 1/2
239

189
19.07 – 26.07 1/2
249

199
26.07 – 02.08 1/2
259

209
02.08 – 09.08 1/2
259

209
09.08 – 16.08 1/2
259

209
16.08 – 23.08 1/2
259

209
23.08 – 30.08 1/2
229

179
30.08 – 06.09 1/2
209

159
06.09 – 13.09 1/2
189

149
13.09 20.09 1/2
159

139
20.09 – 27.09 1/2
149

109

Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз!!!

Цената вклучува:

  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз

Цената НЕ вклучува:

  • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
  • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 2  евра по соба на ден. Се плаќа во автобус.
  • Патничко осигурување 
  • Kлимата – се доплаќа – 7€ по ден

Доплати и попусти:

  •  За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

Факултативи:

  • Посета на градот КРФ – посетата и прошетката низ стариот град е уникатно доживување кое не смее да се пропушти. Градот на светецот Спиридон, старата тврдина, плоштадот Листон, град кој потсетува на Дубровник и Венеција. Тука ќе ги дознаете сите значајни работи за градот, но и самиот остров преку нашиот водич кој ќе биде со вас за време на излетот
  • ТУРА СЕВЕР – Целодневен излет каде се посетуваат најубавите предели на островот. Фабриката за производство на ликери од традиционалното овошје КумКуат, плажата Палеокастрица, манастирот Богородица, аквариумот (опционално), највисокиот врв со прекрасен видиковец каде се гледа цела Палеокастрица, местото Сидари со познатиот канал на љубовта.
  • ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА ГЛИФАДА – Вистинско уживање на најпопуларната песочна плажа на островот, позната по неверојатно убавиот златен песок и прекрасна плажа. Целодневно уживање, сончање и капење. 
  • ЦЕЛОДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ низ североисточната обала на островот со вклучен ручек – Крстарење кое ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви ја наполни душата. Крстарење со повеќе застанувања. Капење на дива плажа и ручек (скара) на плажата. Ручекот е доста богат и вклучува два вида на месо, салата, леб и неограничено пиење на вино или сокови за време на ручекот. Посета на градот Касиопи и на враќање застанување крај пештера и посета на истата. 
  • Крстарење на Паксос и Антипаксос – целодневно крстарење до светски познатите мали острови кои се познати по неверојатната тиркизна боја на морето и песок бел како брашно. Пауза на еден од островите и можност за ручек и капење. 
  • АКВАЛЕНД – Посета на вториот по големина аквапарк во Европа, со безброј можности за адреналинско доживување, мрзлива река, безброј тобогани и уште многу интересни изненадувања ве очекуваат таму. 

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Со уплата и резервација на аранжманот, патникот е согласен и ги прифаќа условите за патување кои ќе важат во моментот на реализација на патувањето, односно мерките кои тогаш ќе бидат поставени од Република Грција и Македонија.
  •  На ПОПУСТ цените нема одбивање за сопствен превоз и за искористување на попустот се уплаќа целосната сума.
  • На ПРОМО цени не следува попуст за споен термин, ниту намалување за сопствен превоз.
  • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
  • НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите
  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две)
  • Цена само за превоз 60 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот (поради општата ситуација со ковид 19, по препорака од страна на грчкото министерство за здравство, сопствениците на сместувачките капацитети, треба самите да проценат и одлучат дали во текот на престојот ќе го направат второто чистење, бидејќи е препорачано што помалку контакти, со цел одржување на безбедноста на самите гости. Секако достапни се чисти постелнини, пешкири и средства за чистење како џогери и метли). Агенцијата не може да влијае на одлуката на сопствениците, која е индивидуална во секоја куќа. Ви благодариме за разбирањето, се трудиме максимално да ја одржиме вашата безбедност за време на престојот)
  • Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
  • Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ