You are currently viewing Вила Андромеда – Пефкохори 2024

Вила Андромеда – Пефкохори 2024

Опис

На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.

ОПИС:

Вила Андромеда се наоѓа на околу 180 м од плажа сместена е во Пефкохори. Вилата нуди сместување со бесплатен приватен паркинг. Во близина се наоѓаат главните знаменитости на Пефкохори, како што се плажата Гларокавос и Агиос Димитрио. Вилата се наоѓа на  190 метри од Yalla Beach Bar Restaurant, одма до познатиот ресторан Bakalis,  Bora Bora Coffee & Drinks каде што гостите можат да вечераат.

Вилата нуди:

Апартмани бр.11 СПРАТ за 4 лица (спална со француски лежај+ кревет на спуштање во кујна+софа во салон), опремени со клима уред, купатило со туш,кујна со трпезариска маса, шпорет со релна, голем фрижидер, ТВ, WiFi интернет, тераса од кујната.
Апартмани бр.2 – 2 СПРАТ за 6 лица (2спални, 1 со француски лежај + 1единечен кревет +1кревет на спуштање и 1спална со француски лежај), опремени со клима уред, купатило со када, кујна со трпезариска маса, шпорет со релна, голем фрижидер, ТВ, WiFi интернет, градина, тераса од двете спални и од кујна.
Апартмани бр.4 –СУТЕРЕН   за 4 лица (1спалн–француски кревет, 2единечни кревети во дневна/кујна), опремени со клима уред, купатило, кујна , шпорет со релна, голем фрижидер, ТВ, WiFi интернет, (нема тераса се користи простор од дворот) 

Check in:     14:00h.
Check out:   09:00h.

Важна Напомена: За хигиената на студијата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

Одалеченост:

Agia Paraskevi Church — 5 km 
Кohili boutique — 3 km 
Hanioti Beach — 4 km
Polichrono Beach — 9.7 km
Kalithea – 19.6 km
Lidl – 21.2 km

GPS:   https://goo.gl/maps/cUBGU1Cg7npWmrTg9,  39°59’10.9″N 23°37’11.8″E

Ценовник

ПОПУСТИ:

-15% попуст за резервација со 50% уплата до 31.01.2024
-10% попуст за резервација со 50% уплата до 28.02.2024
-7% попуст за резервација со 50% уплата до 10.05.2024

ЦЕНОВНИК:

Цена за НАЕМ на студио/апартман за 8 дена 7 ноќевања

Период Ноќи 1/3+1 апп 1/5+1апп Коментар
19.05-26.05.2024 7 171€ 211€ промо
26.05-02.06.2024 7 211€ 261€ промо
02.06-09.06.2024 7 251€ 301€  
09.06-16.06.2024 7 311€ 351€  
16.06-23.06.2024 7 361€ 411€  
23.06-30.06.2024 7 421€ 471€  
30.06-07.07.2024 7 481€ 551€  
07.07-14.07.2024 7 561€ 601€  
14.07-21.07.2024 7 611€ 671€  
21.07-28.07.2024 7 611€ 671€  
28.07-04.08.2024 7 611€ 671€  
04.08-11.08.2024 7 611€ 671€  
11.08-18.08.2024 7 611€ 671€  
18.08-25.08.2024 7 591€ 641€  
25.08-01.09.2024 7 471€ 541€  
01.09-08.09.2024 7 381€ 421€  
08.09-15.09.2024 7 301€ 351€  
15.09-22.09.2024 7 221€ 271€ промо
22.09-29.09.2023 7 171€ 211€ промо

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација. При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања за наем на соба
  • Интернет (Wi-fi) (агенцијата не гарантира за брзината и јачината – ОД 1ви ЈУНИ 2024)
  • Паркинг
  • Клима уред

Во цената не е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса: 1,5 € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)

Превоз

ПРЕВОЗ:

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики – НЕДЕЛА време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04;00 45 €
Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)  04;30 45 €
Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес 03;40 60 €
Граничен премин – (БП Шимов) 06;00 45 €
Неготино – (БП Неготино) 05;00 45 €

 

Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики – НЕДЕЛА време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04;00 40 €
Прилеп – (БП Селида),  трансфер до Битола 03;15 40€
Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола 02;15 50 €
Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола 02;30 50 €
Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола 03;15 50 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

 

Локација

Останато

Останати услови и попусти:  

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

 Отказ на резервации:  

  • За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Слики

СЛИКИ:

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ