„ВИЛА МИНА“ – ЛАГАДИН 2020

ВИЛА МИНА

Вила-”Мина“ е лоцирана во областа Лагадин, на само 9км од центарот на Охрид.
Mешавината на oриенталната ,медитеранската,балканската и европската култура,Ви нуди незаборавни моменти на задоволство .
Сместена во срцето на Охридското крајбрежје, каде минатото се соединува со иднината,а традицијата го допира современото живеење ги остава нашите посетители без здив.

Тип на соба: Цена по соба-ноќевање со појадок:
Двокреветна 4210 ден.
Студио ( 3 лица) 4830 ден.
Де лукс апартман-поглед планина (2+2) 5450 ден.
Де лукс апартман-поглед езеро (2+2) 6070 ден.
Едноспален апартман VIP  7310 ден.
Двоспален апартман VIP   8560 ден.

Членовите на персоналот, несомнено го носат епитетот на отвореност,трпеливост и умешност. Нивните насмевки и љубезност создаваат атмосфера на релаксација и удобност.
Доколку сакате да изберете место каде што историјата одговара на гостопримството, несомнено треба да ја изберете Вила Мина.
Означена со 4*, нуди: 20 студиа делукс и 8 ВИП-апартмани.
Сите соби се опремени со плазма-ТВ, бесплатен интернет, кујна, клима уред, фен…
Сите бањи се луксузно опремени ,што овозможуваат пријатни моменти на релаксација и уживање.
Можноста да се ужива во погледот на Охридското Езеро, и  луксузноста што ја нудат нашите апартмани е специјална привилегија за нашите гости.
Естетскиот изглед постигнат со внимателен избор на бои,ткаенини и мебел создаваат неповторлива атмосфера на софистицираност и удобност.

ЗНАЦИТЕ НА ЅИДОВИТЕ НА ПРОСТОРИИТЕ НА ВИЛА МИНА

Глаголицата беше првата црковна азбука на Славјаните.Создадена во 9тиот век од Св.Кирил Филозофот (+865),составено врз основа на македонскиот дијалектен говор од Солунскиот регион. Глаголицата е составена од 38 букви создадени со помош на три симболи:крст,круг и триаголник. Сите букви можат да се напишат со комбинација од овие три симболи. Глаголицата беше пренесена во Охрид и неговото опкружување, од учениците на Св.Кири,  Св.Климент (840-916) и Св.Наум(830-910).
Тука во Охрид тие го формираа познатото Глаголичко Литературно училиште,во кое успеаја да се образоваат околу 3000 студенти. Главната активност на ова училиште беше преведување на црковните книги од Грчки на Славјански јазик и покрстување на Македонските Словени, кај сите Словени (Чеси, Полци, Словаци, Руси, Словени, Хрвати, Бугари итн..) во Македонија,во Охридскиот регион Глаголицата се задржа до XII век, кога беше заменета со Кирилицата.
Глаголичката азбука има свои варијации. Вообичаено е поделена на заоблена и аголна. Но има и друга верзија на оваа азбука,наречена Македонска Глаголица типична за глаголички ракописи од X- XII век, пронајден на територијата на Македонија.
Тоа се токму тие Глаголички букви што ги красат собите и апартманите на Вила Мина. Траги на Глаголичката азбука може да се најдат,врежани во еден мермерен столб во Манастирот Св.Наум во Охрид, кој се наоѓа на само неколку км од Вила Мина во Лагадин.
Местото Лагадин покрај другите значајност, некогаш беше метохија на Манастирот Св.Наум во Охрид.