You are currently viewing Вила Теа – Калитеа 2024

Вила Теа – Калитеа 2024

ОПИС:

Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плаѓата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.
Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека спaлното легло е со помали мерки. Студијата располагаат со едноспално легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.
Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во мерки од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното спие со родител на поголемото легло.Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.

GPS кординати: 40°4’32”N,23°26’41”E

ПОПУСТИ:

 -12%  ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2023, СО 50% УПЛАТА ДО 10.01.2024
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2023, СО 50% УПЛАТА ДО 10.03.2024
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 50% УПЛАТА ДО 10.05.2024

ЦЕНОВНИК:

ВИЛА ТЕА – КАЛИТЕА
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
Период Ноќ. Студио 2 возр + 1 дете Студио 3 возр +1 дете Коментар
19.05-26.05 7 109 119 Промо 
26.05-02.06 7 159 179 Промо 
02.06-09.06 7 219 259  
09.06-16.06 7 299 329  
16.06-23.06 7 369 399  
23.06-30.06 7 419 439  
30.06-07.07 7 539 559  
07.07-14.07 7 549 599  
14.07-21.07 7 579 609  
21.07-28.07 7 619 639  
28.07-04.08 7 619 639  
04.08-11.08 7 619 639  
11.08-18.08 7 619 639  
18.08-25.08 7 509 519  
25.08-01.09 7 449 469  
01.09-08.09 7 329 349  
08.09-15.09 7 299 319  
15.09-22.09 7 229 249 Промо 
22.09-09.10 7 149 179 Промо 

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања за наем на соба
  • Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)
  • Клима

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса: 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
  • Превоз

ПРЕВОЗ

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики – Недела време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04;00 45 €
Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол)  04;30 45 €
Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес 03;40 60 €
Граничен премин – (БП Шимов) 06;00 45 €
Неготино – (БП Неготино) 05;00 45 €

 

Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики- Недела време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 05;00 40 €
Прилеп – (БП Селида),  трансфер до Битола 04;15 40€
Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола 03;15 50 €
Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер до Битола 03;30 50 €
Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола 04;15 50 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

Останати услови и попусти:  

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Отказ на резервации:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

СЛИКИ:

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ