You are currently viewing ВИЛА ВЕЛАЈ – КСАМИЛ – 2022

ОПИС:

Вила Велај лоцирана во Ксамил се наоѓа на 400м од плажа, до плажа има 7мин пешачење, располага со двор со тревна површина и градина.
Собите се лоцирани на приземје, први спрат. На приземје се студиа за две, три, четири или 5 лица и гледаат во градина, на прв спрат се студиа за две, три и четири лица исто со поглед на градина. Сите соби располагаат со сопствен тоалет, клима (вклучена во цената), кујна опремена со прибор за готвење, фиржидер, тв, балкон.

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 28.02.2022
На ПРОМО цените не следува попуст за два последователни термина и попуст за рана резервација, попустите не можат да се комбинираат

СЛИКИ:

no images were found

ЦЕНОВНИК:

KSAMIL – VILLA VELAJ
ЦЕНА ПО ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА
Период Ноќ 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио 1/5 студио Коментар
10.06-17.06.2022 7 179 189 219 229  
17.06-24.06.2022 7 189 199 229 239  
24.06-01.07.2022 7 209 219 249 259  
01.07-08.07.2022 7 259 269 299 309  
08.07-15.07.2022 7 299 309 339 349  
15.07-22.07.2022 7 299 309 339 349  
22.07-29.07.2022 7 299 309 339 349  
29.07-05.08.2022 7 299 309 339 349  
05.08-12.08.2022 7 299 309 339 349  
12.08-19.08.2022 7 299 309 339 349  
19.08-26.08.2022 7 289 299 329 339  
26.08-02.09.2022 7 259 269 299 309  
02.09-09.09.2022 7 179 189 219 229  
09.09-16.09.2022 7 159 169 179 209 Промо цена
16.09-23.09.2022 7 139 149 159 189 Промо цена

Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

Капацитет на студија:
1/2 студио – двојно легло ( брачен кревет)
1/3 студио – двојно легло ( брачен кревет) + еден единечен кревет
1/4 студио – двојно легло ( брачен кревет) + креветчиња на кат
1/5 студио – двојно легло ( брачен кревет) + креветчиња на кат + еден единечен кревет

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку граничен премин Меџитлија: 

  • Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 55€ по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 65€ по лице
  • Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 55€ по лице
  • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку граничен премин Меџитлија:

  • Битола (Пред спортска Сала) – 55€ по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола  – 55€
  • Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 55€ по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -55€ по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -55€ по лице
  • Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :

  • 00:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер
  • 00:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
  • 00:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
  • 01:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
  • 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
  • 03:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
  • 03.30h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
  • 04:00h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
  • 04.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ