You are currently viewing Vila Adonis-Неи Пори 2022

– 25% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.12.2021
– 20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 28.02.2022

– 10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.04.2022

НЕИ ПОРИ – едно од најурбанизираните места во Пиериа, идеално за фамилијарен одмор. Основни карактеристики на Неи Пори се долга и широка песочна плажа, паркови и зеленило, широки улици, ресторани и кафетерии покрај плажа, луна парк и картинг патека.

Вила АДОНИС (А-кат) се наоѓа во вториот дел на местото, на околу 200 метри од плажа. Сите соби се опремени со кујна, ТВЦ, ТВ и тераса. Користењето на WI-FI е бесплатно. Климата е исто така ВКЛУЧЕНА во цената!

 

Вила „АДОНИС“  – 200 м. од плажа
ТЕРМИН : НОЌИ 1/2 СТУДИО 1/3 СТУДИО 1/4 АПТ  
28.05.-04.06. 7 59 € 79 € 89 € ПРОМО
04.06.-11.06. 7 99 € 109 € 119 € ПРОМО
11.06.-18.06. 7 139 € 149 € 159 € ПРОМО
18.06.-25.06. 7 179 € 189 € 199 €  
25.06.-02.07. 7 209 € 229 € 239 €  
02.07.-09.07. 7 249 € 259 € 269 €  
09.07.-16.07. 7 269 € 279 € 289 €  
16.07.-23.07. 7 279 € 289 € 299 €  
23.07.-30.07. 7 299 € 309 € 319 €  
30.07.-06.08. 7 299 € 309 € 319 €  
06.08.-13.08. 7 299 € 309 € 319 €  
13.08.-20.08. 7 299 € 309 € 319 €  
20.08.-27.08. 7 279 € 289 € 299 €  
27.08.-03.09. 7 249 € 259 € 269 €  
03.09.-10.09. 7 209 € 239 € 249 €  
10.09.-17.09. 7 179 € 199 € 209 €  
17.09.-24.09. 7 139 € 159 € 169 € ПРОМО
24.09.-01.10. 7 89 € 99 € 109 € ПРОМО

   Цените се дадени по студио за 7 ноќевања во евра, плаќањето е во денарска противвредност (1 € = 62.00 МКД). На промо цените не следува попуст.

За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст. Попустот важи само на редовни цени.
– попустите не може да се комбинираат.
– Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.

 СПЕЦИФИКАЦИЈА НА СОБИТЕ (студиата/апартманите) :

 ДВОКРЕВЕТНО (1/2) СТУДИО : 2 единечни кревети, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (запад) и клима.

ТРИКРЕВЕТНО (1/3) СТУДИО : 3 единечни кревети, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (запад) и клима.

ЧЕТИРИКРЕВЕТЕН (1/4) АПАРТМАН : 4 единечни кревети (2 во спална соба + 2 во собата каде се наоѓа кујната), комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (запад) и клима.

НАПОМЕНА :

  • Клима уредот е вклучен во цената.
  • Туристичката такса од 0,5 € на ден – по соба се плаќа на лице место

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа :

Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице

Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 40€ по лице

Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово – 40€ по лице

Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице

Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице

Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице

Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа :

Битола (Градска Автобуска Станица) – 30€ по лице

Прилеп (бензинска пумпа Салида) – Трансфер до Битола –30€

Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 35€ по лице

Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола –35€ по лице

Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола –30€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена

– Деца до 1,99 години бесплатно

Време на поаѓање превоз од Скопје за Пиериа (секоја Сабота ) :

03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес

04:00 h Скопје (Дрводекор)
04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово

05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово)
06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)

Време на поаѓање превоз од Битола за Пиериа :

04:00 h Битола (Пред спортска Сала)

03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола

02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола

02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола

02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола

03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • Услови за “early booking”За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
  • Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
  • Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
  • Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
  • За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
  • Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
  • Автобускиот превоз е организиран со високотуристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
  • Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
  • Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
  • Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
  • Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобуc
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
  • Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
  • Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ