Вила-Никити Беј “Б”- Никити

Вила-Никити Беј “Б”- Никити

-20% за резервации направени до 10.06.2021 

Локација:

Никити Беј Апартмани е изградена 2014год. a сите соби се со нов мебел од 2019год. Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, во мирниот дел на градот на 250м од најблиската плажа која не е урбанизирана и на 800 метри плажа урбанизирана со лежалки. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус супер маркет ( ЛИДЛ, АБ Маркет и Масутис) продавнички, пекари, таверни и кафулиња.

Соби:

Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија, распоредени на прв и втор кат од кои дел се трокреветни, а дел четворокреветни. Секое од студијата е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет располага со свој приватен паркинг.

Плажа:

Заради монденскиот карактер на самото гратче Никити, како и непосредната близина на некои од најубавите плажи на Халкидики, вилата е погоден избор како за фамилијарен одмор, така и за парови, млади и секаков тип на гости кои сакааат да бидат во градче со многу содржини и активен ноќен живот, а да се во близина од 10 до 15км на најубавите плажи на Ситонија.

ЦЕНОВНИК:

Поаѓање

МАЈ

ЈУНИ

ЈУЛИ

АВГУСТ

СЕПТЕМВРИ

Наем

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

7

Термин

23

30

6

13

20

27

4

11

18

25

1

8

15

22

29

5

12

19

STD(1/2+1)/VP

213

213

314

314

344

344

344

385

385

385

385

344

344

344

344

344

344

344

STD(1/2+1)/ 1KAT

213

213

314

314

344

344

344

385

385

385

385

344

344

344

344

344

344

344

DBL+SGL+EXB/VP

239

239

352

352

385

385

385

429

429

429

429

385

385

385

385

385

385

385

DBL+SGL+EXB/1KAT

239

239

352

352

385

385

385

429

429

429

429

385

385

385

385

385

385

385

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

Цената вклучува:

  • Сместување во Студио 7 ноќи

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз до избраниот објект во Грција.
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци
  • Турситичка Такса 0,50 центи по соба од ноќ
  • ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА ПЦР ТЕСТ.
  • (можност за резервација, закажување термин и уплата во агенција)

Доплати и попусти:

  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год.
  • Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

Напомени:

  • Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
  •  Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
  • Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
  • Чекирањето на гостите е во Хотелот Торонеос на рецепција, оттаму се добиваат клучевите од собите за во Вила Никити Беј.

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ