Вила Димитрис – Ипсос/Пирги

Вила Димитрис – Ипсос/Пирги

-ULTRA FIRST MINUTE до 31.12.2020

Вилата Димитрис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на само 300 метри од плажата. Вилата располага со шест двокреветни студија кои се на првиот кат, и едно двокреветно студио кое се наоѓа на приземје. Во две соби постои можност за додавање на трет дополнителен кревет (на првиот кат). Секоја соба располага со мини кујна, решо, основен прибор за соодветниот број лица, фрижидер, тераса, клима (со доплата од 5 евра од ден по желба) и интернет. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата Димитрис е единствената вила на Крф, со сопствен систем за вода и затоа е дозволено пиење на водата од чешма. Вилата има голем двор со скара кој им е достапен на сите гости за уживање и релаксација. Вилата располага со сопствен паркинг.

Термин Редовна по лице Ultra first
 

23.05-
30.05

79€ 44€
 

30.05-
06.06

99€ 54€
 

06.06-13.06

109€ 64€
 

13.06-20.06

119€ 74€
 

20.06-27.06

129€ 84€
 

27.06-04.07

139€ 94€
 

04.07-11.07

149€ 104€
11.07-18.07
*МИНА 11.07-17.07
169€ 124€
 

18.07-25.07

189€ 144€
 

25.07-01.08

199€ 154€
 

01.08-08.08

209€ 154€
 

08.08-15.08

209€ 154€
 

15.08-22.08

209€ 154€
 

22.08-29.08

179€ 134€
 

29.08-05.09

149€ 104€
 

05.09-12.09

139€ 84€
 

12.09-19.09

109€ 54€
 

19.09-26.09

79€ 44€

Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

Доплата во автобус за траект 18€ по лице.

На акциските цени, нема одбивање за сопствен превоз.

НАПОМЕНИ: 

      • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
        • Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
        • Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
        Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
        Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
        • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
        • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 18 евра за траект
        • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
        • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
        • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
        • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
        • Цена само за превоз 60 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
        •Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
        •Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

      • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
      • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект
      • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

      • Check in во собите е после 14h по грчко време
      • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
      • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
      • Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
      • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
      • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
      • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
      • Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во организација на агенцијата

Во соработка со нашиот партнер тур оператор на нашите патници им нуди единствена можност да го истражат и да уживаат во убавините на островот Крф. Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги       нуди.

Во наша организација имаме неколку излети:

      • Посета на градот КРФ –посетата и прошетката низ стариот град е уникатно доживување кое не смее да се пропушти. Градот на светецот Спиридон, старата тврдина, плоштадот Листон, град кој потсетува на Дубровник и Венеција. Тука ќе ги дознаете сите значајни работи за градот, но и самиот остров преку нашиот водич кој ќе биде со вас за време на излетот. ЦЕНАТА на факултативата по лице изнесува 10 евра.
      • ТУРА СЕВЕР –Целодневен излет каде се посетуваат најубавите предели на островот. Фабриката за производство на ликери од традиционалното овошје КумКуат, плажата Палеокастрица, манастирот Богородица, аквариумот (опционално), највисокиот врв со прекрасен видиковец каде се гледа цела Палеокастрица, местото Сидари со познатиот канал на љубовта. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра по лице
      • ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА ГЛИФАДА –Вистинско уживање на најпопуларната песочна плажа на островот, позната по неверојатно убавиот златен песок и прекрасна плажа. Целодневно уживање, сончање и капење.ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 15 евра по лице.
      • ЦЕЛОДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ низ североисточната обала на островот со вклучен ручек –Крстарење кое ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви ја наполни душата. Крстарење со повеќе застанувања. Капење на дива плажа и ручек (скара) на плажата. Ручекот е доста богат и вклучува два вида на месо, салата, леб и неограничено пиење на вино или сокови за време на ручекот. Посета на градот Касиопи и на враќање застанување крај пештера и посета на истата.  ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ е 27 евра по лице.

Дополнителни факултативи:

      • Крстарење на Паксос и Антипаксос –целодневно крстарење до светски познатите мали острови кои се познати по неверојатната тиркизна боја на морето и песок бел како брашно. Пауза на еден од островите и можност за ручек и капење.ЦЕНАТА на излетот е 30 евра по лице.
      • АКВАЛЕНД –Посета на вториот по големина аквапарк во Европа, со безброј можности за адреналинско доживување, мрзлива река, безброј тобогани и уште многу интересни изненадувања ве очекуваат таму.ЦЕНА со превоз и влезница е 30 евра.