You are currently viewing Вила Елени– Ипсос/Пирги
  • Post category:Крф

Вила Елени– Ипсос/Пирги

ОПИС:

Локација: Вила Елени се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата. 

Соби: Вилата е комплекс од три понови згради, со голем базен. Располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат поглед на базен и се распределни на високо приземје и прв кат. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ и тераса. Вилата има интернет (чиј сигнал е најдобар кај барот, каде се наоѓа рутерот). За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка, а исто така има и бар. Постои можност за изнајмување на клима која се доплатува на лице место и изнесува 6 евра од ден.

Плажа: 250 метри до плажа.

Координати: 39.70593024652262, 19.840154823210707

ЦЕНОВНИК: 

7ноќи и превоз Мина Лукс (базен) Елени + (базен)

Термин:
Тип соба Редовна по лице Попуст Тип соба Редовна по лице Попуст

12.06-19.06

1/5
 1/4 
1/3

1/2

139€

149€


99€

109€

 

1/2
1/3

 

 

149€

 

99€

19.06-26.06

1/5
 1/4 
1/3

1/2

149€

159€


109€

119€


1/2
1/3

 

 

159€

 

109€

26.06-03.07

1/5
 1/4 
1/3

1/2

159€

169€


119€

129€


1/2
1/3

 

 

169€

 

119€



03.07-10.07
1/5
 1/4 
1/3

1/2

169€

179€


129€

139€


1/2
1/3

 

 

179€

 

129€


10.07-17.07
МИНА
10.07-16.07
1/5
 1/4 
1/3

1/2

169€

179€


139€

149€


1/2
1/3

 

 

199€

 

149€

 

17.07-24.07

1/5
 1/4 
1/3

1/2

239€

249€


209€

219€


1/2
1/3

 

 

219€

 

 

169€

 

24.07-31.07

1/5
 1/4 
1/3

1/2

239€

249€


209€

219€


1/2
1/3

 

229€ 179€
 

31.07-07.08

1/5
 1/4 
1/3

1/2

239€

249€


209€

219€


1/2

1/3

 

239€ 179€

07.08-14.08

1/5
 1/4 
1/3

1/2

239€

249€


209€

219€


1/2

1/3

 

239€ 179€
 

14.08-21.08

1/5
 1/4 
1/3

1/2

239€

249€


209€

219€


1/2
1/3

 

239€ 179€
 

21.08-28.08

1/5
 1/4 
1/3

1/2
239€

249€

209€

219€


1/2

1/3

 

209€ 159€
 

28.08-04.09

1/5
 1/4 
1/3

1/2
169€

179€

129€

139€


1/2

1/3

 

179€ 129€
 

04.09-11.09

1/5
 1/4 
1/3

1/2
159€

169€

109€

119€


1/2

1/3

 

169€ 109€
 

11.09-18.09

1/5
 1/4 
1/3

1/2
139€

149€

79€

89€


1/2

1/3

 

149€ 79€
 

18.09-25.09

1/5
 1/4 
1/3

1/2
109€

119€

69€

79€


1/2

1/3

 

119€ 69€
  • Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз!!!

Цената вклучува:

  • 7 ноќевања
  • Превоз

Цената НЕ вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка такса
  • Траект

Доплати и попусти:

  • Доплата во автобус за траект 20€ по лице.
  • Туристичка такса 0,50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
  • Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект.
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
  • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

Факултативи:

  • Посета на градот КРФ – посетата и прошетката низ стариот град е уникатно доживување кое не смее да се пропушти. Градот на светецот Спиридон, старата тврдина, плоштадот Листон, град кој потсетува на Дубровник и Венеција. Тука ќе ги дознаете сите значајни работи за градот, но и самиот остров преку нашиот водич кој ќе биде со вас за време на излетот. ЦЕНАТА на факултативата по лице изнесува 10 евра.
  • ТУРА СЕВЕР – Целодневен излет каде се посетуваат најубавите предели на островот. Фабриката за производство на ликери од традиционалното овошје КумКуат, плажата Палеокастрица, манастирот Богородица, аквариумот (опционално), највисокиот врв со прекрасен видиковец каде се гледа цела Палеокастрица, местото Сидари со познатиот канал на љубовта. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 25 евра по лице
  • ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА ГЛИФАДА – Вистинско уживање на најпопуларната песочна плажа на островот, позната по неверојатно убавиот златен песок и прекрасна плажа. Целодневно уживање, сончање и капење. ЦЕНА НА ИЗЛЕТОТ 15 евра по лице.
  • ЦЕЛОДНЕВНО КРСТАРЕЊЕ низ североисточната обала на островот со вклучен ручек – Крстарење кое ќе ве исполни со позитивна енергија и ќе ви ја наполни душата. Крстарење со повеќе застанувања. Капење на дива плажа и ручек (скара) на плажата. Ручекот е доста богат и вклучува два вида на месо, салата, леб и неограничено пиење на вино или сокови за време на ручекот. Посета на градот Касиопи и на враќање застанување крај пештера и посета на истата. ЦЕНАТА НА ИЗЛЕТОТ е 27 евра по лице.
  • Крстарење на Паксос и Антипаксос – целодневно крстарење до светски познатите мали острови кои се познати по неверојатната тиркизна боја на морето и песок бел како брашно. Пауза на еден од островите и можност за ручек и капење. ЦЕНАТА на излетот е 30 евра по лице.
  • АКВАЛЕНД – Посета на вториот по големина аквапарк во Европа, со безброј можности за адреналинско доживување, мрзлива река, безброј тобогани и уште многу интересни изненадувања ве очекуваат таму. ЦЕНА со превоз и влезница е 30 евра.

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!!
  • На акциските цени, нема одбивање за сопствен превоз!!!
  • Согласно моменталниот став на Република Грција за патување за време на летото, агенцијата Го Травел ве информира за можност за PCR тестирање по повластена цена за сите патници (инфо во агенција)
  • Оние кои ќе бидат вакцинирани со одобрена вакцина од Република Грција треба да ни достават потврда дека ја имаат и немаат трошоци за тест.
  • Оние кои имаат доказ за антитела исто така треба да ги приложат и немаат дополнителни трошоци за тест (информација подлежна на промена)
  • Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
  • Цена само за превоз 60 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.
  • Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата
  • Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
  • Check in во собите е после 14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
  • Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ