Вила Елени+– Ипсос/Пирги
ОПИС:
Вилата Елени се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата. Вилата е комплекс од три понови згради, со голем базен. Располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат поглед на базен и се распределни на високо приземје и прв кат. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ и тераса. Вилата има интернет (чиј сигнал е најдобар кај барот, каде се наоѓа рутерот). За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.
Базенот е достапен за гостите со бесплатна лежалка, а исто така има и бар. Постои можност за изнајмување на клима која се доплаќа на лице место и изнесува 7 евра од ден.
GPS координати 39.70593024652262, 19.840154823210707
FIRST MINUTE понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 20€ по лице. Важи до 01.04.2024
7ноќи и превоз | Вила Елени + (базен) | ||
Термин: | Тип соба | Редовна по лице | FIRST MINUTE |
25.05-01.06 | 1/2 1/3 |
109€ | 99€ |
01.06-08.06 | 1/2 1/3 |
129€ | 119€ |
08.06-15.06 | 1/2 1/3 |
149€ | 129€ |
15.06–22.06 | 1/2 1/3 |
159€ | 139€ |
22.06-29.06 | 1/2 1/3 |
169€ | 149€ |
29.06-06.07 | 1/2 1/3 |
179€ | 169€ |
06.07-13.07 | 1/2 1/3 |
199€ | 189€ |
13.07-20.07 | 1/2 1/3 |
209€ | 199€ |
20.07–27.07 | 1/2 1/3 |
239€ | 219€ |
27.07-03.08 | 1/2 1/3 |
239€ | 219€ |
03.08-10.08 | 1/2 1/3 |
239€ | 219€ |
10.08-17.08 | 1/2 1/3 |
249€ | 229€ |
17.08-24.08 | 1/2 1/3 |
249€ | 229€ |
24.08-31.08 | 1/2 1/3 |
239€ | 209€ |
31.08-07.09 | 1/2 1/3 |
189€ | 179€ |
07.09-14.09 | 1/2 1/3 |
169€ | 149€ |
14.09-21.09 | 1/2 1/3 |
149€ | 119€ |
21.09-28.09 | 1/2 1/3 |
139€ | 109€ |
НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 1,5евро по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување :задолжително
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 20евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат
•За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)
НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти.
- Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
- Цена само за превоз 85 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци.
- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
- Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
- Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Check in во собите е после 16h по грчко време
- Check out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери.
- Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
- Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Пешкири се менуваат на четвртиот ден од престојот, додека постелнината не се менува.
- Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
- Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
- Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!!
- Со уплата и резервација на аранжманот, патникот е согласен и ги прифаќа условите за патување кои ќе важат во моментот на реализација на патувањето, односно мерките кои тогаш ќе бидат поставени од Република Грција и Македонија.
- На ПОПУСТ цените нема одбивање за сопствен превоз и за искористување на попустот се уплаќа целосната сума.
- FIRST MINUTE цени до 15.04 – Со целосна уплата одобруваме уште 5% попуст!
- Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
- НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите
- Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две)
- Цена само за превоз 60 евра со доплата од 20 евра за траект – во два правци
- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
- Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
- Check in во собите е после 14h по грчко време
- Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
- Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
- Четворокреветните соби се со две посебни спални соби и тераси, физички одвоена кујна и одвоен тоалет.
- Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот (поради општата ситуација со ковид 19, по препорака од страна на грчкото министерство за здравство, сопствениците на сместувачките капацитети, треба самите да проценат и одлучат дали во текот на престојот ќе го направат второто чистење, бидејќи е препорачано што помалку контакти, со цел одржување на безбедноста на самите гости. Секако достапни се чисти постелнини, пешкири и средства за чистење како џогери и метли). Агенцијата не може да влијае на одлуката на сопствениците, која е индивидуална во секоја куќа. Ви благодариме за разбирањето, се трудиме максимално да ја одржиме вашата безбедност за време на престојот)
- Според законските одредби, базенот се користи од 10-19 часот, поради самата безбедност на гостите (пропишана во грчките закони), но и поради чистењето на базените. Строго е забрането капење после 20 часот.
- Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
- Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
- Постои можност за додавање на трет дополнителен кревет во студијата или петти дополнителен кревет во апартманите
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.