Вилата Занза – Порос

Вилата Занза – Порос

-ULTRA FIRST MINUTE до 31.12.2020

Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Митрос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли.
Плажа Миртос
Се вели дека не сте биле на Кефалонија ако не сте го посетиле ова место. Заштитниот знак на островот и една од најсликовитите плажи во Грција. Водата е нереално бистра и се гледа буквално секое камче на дното. Плажата е огромна и колку и да има туристи, можете да си најдете место за себе.
СКАЛА
Скала е едно од најпосетуваните места на Кефалонија, а како не би било кога тука имате буквално се што ви треба за да имате совршен одмор: уредени долги плажи, ресторани, барови, таверни и тоа што е најважно, мирисот на морето. Плажата е мешана со ситни камчиња и песок.

Вилата Занза се наоѓа на само 15 метри од плажата и на 400 метри од центарот. Во понудата има студија за 2 лица опремени со мини кујна. Секое студио има свој тоалет и можност за користење на клима со доплата по желба. Собите се со бочен поглед на море. Вилата има безжичен интернет.

Термин Тип соба Редовна по лице Ultra First
13.06-22.06 1/2 189€ 134€
22.06-01.07 1/2 209€ 164€
01.07-10.07  1/2 249€ 184€
10.07-19.07 1/2 259€ 214€
19.07-28.07 1/2 299€ 254€
28.07-06.08 1/2 299€ 254€
06.08-15.08 1/2 299€ 254€
15.08-24.08 1/2 269€ 234€
24.08-02.09 1/2 249€ 214€
02.09-11.09 1/2 199€ 154€
11.09-20.09 1/2 179€ 124€

Цените се во €, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

Понудата е по лице за 9 ноќевања и автобуски превоз

Доплата во автобус за траект 25€ по лице.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Туристички придружник за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
  • Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
  • Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
•Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
•Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но

 мора да се донесе потврда дека постои.
•Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
Доплата за клима 5 евра од ден по желба
•Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите

ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:

  • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
  • Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Check in во собите е после14h по грчко време
  • Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
  • Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
  • Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
  • Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
  • Вилите имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови (можност за организиран трансфер од Битола). Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Порос. Сместување во апартманите. За време на престојот во Кефалонија ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија

Затворете мени