Вила Меропи – Калитеа 2024
ОПИС:
Вила Меропи се наоѓа на самата магистрала, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, а најблиското место за паркирање е на 200м од самата вила. Во нејзина близина се наоѓа маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стигнува преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница. Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед (гледаат во ѕид на друга вила), ТВ, клима без доплата и wi-fi.
Капацитетот на овие соби е 3 возрасни лица, или 2 возрасни лица со 2 деца од кои второто дете да нема полни 6 години бидејќи дели легло со родители, и не му следува дополнително легло.
GPS Координати: 40°4’31”N,23°26’52”E
ПОПУСТИ:
-20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2023, СО 50% УПЛАТА ДО 10.01.2024 -10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.02.2024, СО 50% УПЛАТА ДО 10.03.2024 -7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2024, СО 50% УПЛАТА ДО 10.05.2024
МЕРОПИ КАЛИТЕА | |||
ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА | |||
Период | Ноќи | 1/3 | Коментар |
19.05-26.05.2024 | 7 | 99 | Промо |
26.05-02.06.2024 | 7 | 139 | Промо |
02.06-09.06.2024 | 7 | 189 | Промо |
09.06-16.06.2024 | 7 | 229 | |
16.06-23.06.2024 | 7 | 269 | |
23.06-30.06.2024 | 7 | 379 | |
30.06-07.07.2024 | 7 | 429 | |
07.07-14.07.2024 | 7 | 439 | |
14.07-21.07.2024 | 7 | 459 | |
21.07-28.07.2024 | 7 | 489 | |
28.07-04.08.2024 | 7 | 489 | |
04.08-11.08.2024 | 7 | 489 | |
11.08-18.08.2024 | 7 | 489 | |
18.08-25.08.2024 | 7 | 369 | |
25.08-01.09.2024 | 7 | 309 | |
01.09-08.09.2024 | 7 | 249 | |
08.09-15.09.2024 | 7 | 209 | Промо |
15.09-22.09.2024 | 7 | 139 | Промо |
22.09-29.09.2024 | 7 | 99 | Промо |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената е вклучено:
- 7 ноќевања за наем на соба
- Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)
- Клима
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса: 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- Превоз
ПРЕВОЗ:
Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од
Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики – Недела | време на поаѓање | цена |
Скопје – Дрводекор | 04;00 | 45 € |
Велес – (Кружен Тек на Влезот-Бензиска Макпетрол) | 04;30 | 45 € |
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес | 03;40 | 60 € |
Неготино – бензинска, Неготино | 05;00 | 45 € |
Граничен премин – бензинска Шимов | 06;00 | 45 € |
Цена по лице за превоз Битола- Халкидики – Недела | време на поаѓање | цена |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04;00 | 40 € |
Прилеп – БП Селида, трансфер до Битола | 03;15 | 40€ |
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола | 02;15 | 50 € |
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола | 02;30 | 50 € |
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола | 03;15 | 50 € |
Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
Час и место на поаѓање од Грција
локално (грчко) време | македонско време | летовалиште |
15:00 | 14:00 | Калитеа |
14:45 | 14:00 | Полихроно |
14:30 | 13:30 | Ханиоти |
14:15 | 13:15 | Пефкохори |
Останати услови и попусти:
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
- Попустите не може да се комбинираат,
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Отказ на резервации:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.