You are currently viewing Нова Година 2023 – Виена – Сигурна Реализација

Нова Година 2023 – Виена – Сигурна Реализација

Со богата култура, многубројни историски знаменитости и зачудувачка архитектура, Виена претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Поставен благодатно на источните брегови на реката Дунав, главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци и збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Без разлика дали барате места за посета во еден или пак во повеќе денови, овој елегантен град нуди голем избор на туристички атракции.

ПРОГРАМА:

1 Ден: 29.12.2022 (четврток) Скопје – Виена

    Состанок на групата во 13:30 часот и поаѓање за Виена во 14:00 часот од Дрводекор. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со кратки попатни паузи за царински формалности и одмор.

2 Ден: 30.12.2022 (петок) Виена

    Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Одиме во посета на Outlet-от Parndorf каде што ќе имате слободно време за шопинг. Во договорено време, патувањето го продолжуваме кон Виена. Се сместуваме во хотел. Слободно индивидуално време. Ноќевање.

3 Ден: 31.12.2022 (сабота)

    Појадок. По појадокот, предлагаме факултативен разглед на градот со туристички водич : Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, дворецот Белведере, катедралата Св.Стефан и Стефанплац. По разгледот, се враќаме во хотел. Слободно индивидуално време. Во договорено време, се упатуваме на Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. За новогодишната ноќ, градот се претвора во улична забава каде не престануваат многубројните гала настани, танцување ,опери и оперети. Забавата трае од 14:00 часот на 31ви Декември до 02:00 часот на 1ви Јануари, а најзначаен дел е огнометот на плоштадот кај Градското собрание, како и ѕвоната на Прајтер на полноќ. Градот не само што знае да се забавува ноќе, туку знае и да се опорави многу брзо наредниот ден со концерт на Виенската филхармонија. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден: 01.01.2023 (недела)

    Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за организирана факултативна посета на внатрешноста на дворецот Шенбрун и негов разглед со водич и вклучена влезница. Еден од најважните културни споменици во Австрија и до 1960 година бил една од најголемите туристички атракции во Виена. Дворецот и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на сукцесивната Хабсбуршка династија. Слободно време за посета паркот на дворецот. По разгледот, посета на Дунавската кула која е висока 150 метри и овозможува прекрасен панорамски поглед на Виена. Во договорено време, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 02.01.2022 (вторник).

ЦЕНОВНИК:

179 ЕВРА / 11.098МКД ПО ЛИЦЕ

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Оekotel Traiskirchen 3* во Виена – линк: https://bit.ly/3E8lROQ
  • Посета на аутлетот Parndorf
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич -15 евра
  • Факултативен излет на внатрешноста на дворецот Шенбрун со вклучена влезница и негов разглед со локален водич – 45 евра
  • Посета на Дунавската кула со вклучена влезница -25 евра
  • Доплата за трансфер (10 евра во два правци по лице) од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Штип
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
  • Патничко осигурување 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума, а остатокот се доплаќа најдоцна 7 дена пред поаѓање
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

Со оваа програма важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С ТРАВЕЛ