You are currently viewing Врњачка Бања – Велигден 2021

ВРЊАЧКА БАЊА – ВЕЛИГДЕН  1 МАЈ (4 дена  3 ноќи)

 

Програма на патување:

 30.04.2021 (Петок) СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА

 Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Меркур Нови. Кратко време за одмор и освежување од патувањето и заминување на информативна прошетка и пешачки разглед на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… По разгледот враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

01.05.2021 (Сабота) ВРЊАЧКА БАЊА Појадок.

Слободен ден за индивидуални активности и прошетки низ Врњачка Бања. Време предвидено за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

02.05.2021 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – КРАЉЕВО Појадок.

 На денот на Христовото Воскресение предлагаме претпладневна факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.

03.05.2020 (Понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ Појадок.

 Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањњето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планинрано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

СЛИКИ : 

ЦЕНА : 

Тип на соба Цена на аранжманот за пријави до 15.04.2021 Редовна цена
Милениум 169€/10.478мкд 179€/11.098мкд
Супериор 189€/11.718мкд 199€/12.338мкд
Премиум 209€/12.958мкд 219€/13.578мкд
Апартман 219€/13.578мкд 229€/14.198мкд

 

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.

 Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел Меркур Нови 4* во центарот на Врњачка Бања во избраниот тип на соба
  • Исхрана на база 3 ноќевања со полупансион
  • Секојдневно користење на Аква центарот “Waterfall”: базен со термоминерална вода со температура од 28°C со топови за подводна масажа, боди-џет, масажни тушеви, гејзир, Вирпул, тепидариум (топли клупи), финска сауна и турско купатило;
  • Секојдневно користење на Фитнес центарот “Mercur – Gym”: опрема за кардио програма, трака за трчање, Кростренер, собен велосипед, Твистер, Гладијатор ..
  • Бањарки;
  • Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
  • Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
  • Доплата за туристичка такса 5€/310ден вкупно за 3 ноќи (доплата во агенција);
  • -Факултативна посета на манастирот Жица 5€ (доплата на лице место).

Попусти и опционални доплати:

  • Намалување за сопствен превоз -10€/620мкд по патник

Напомени:

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта. Патувањето е според моменталниот протокол за автобуски сообраќај со запазени сите мерки и протоколи за заштита против КОВИД.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. – Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
  • За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ