You are currently viewing Велигден 2022 – Загреб
Термин: 22.04-25.04.2022
 
1 ден    СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 21.00 часот и поаѓање кон Загреб. Ноќно возење преку Србија.
 
2 ден    ЗАГРЕБ Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание… Слободно време за индивидуални прошетки низ градот. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и  индивидуални активности. Ноќевање
 
3 ден   ЗАГРЕБ – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА 
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Плитвички Езера. Национален парк на 120 км од Загреб, под заштита на УНЕСКО кој се води како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долното езеро, прекрасните водопади и магичната природа. Можност за возење со бродче или ручек во склоп на ресторанот на езерата. Враќање во хотел во попладневните часови.Ноќевање. 
 
4 ден       ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и упатување на групата кон шопинг центар во Загреб… Поаѓање за Скопје и ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.
 
Цена на аранжманот: 139 € (8.618,00 мкд)
 
 Цената вклучува:
– Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
– Сместување во хотел *** во Загреб на база 2 ноќевања со појадок;
– Организиран разглед на Загреб со локален водич;
– Оргнизација на аранжманот и придружник на патувањето.
 
 Цената НЕ вклучува:
– Посета на Национален парк Плитвице (превоз, влезница и водич) – 35€;
– Индивидуални трошоци.
– Патничко здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. С-ТРАВЕЛ- Битола и  СКТМ