You are currently viewing Закинтос – Лето 2023

Закинтос – Лето 2023

ЗАКИНТОС е трет по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.

ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1.ДЕН / СКОПЈE – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:
Поаѓање од пред Дрводекор во договореното време. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.-10.ДЕН / ГРЦИЈА – КИЛИНИ – ЛАГАНАС:

Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 9 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Закинтос ова лето.

11.ДЕН / ЛАГАНАС – КИЛИНИ – ГРЦИЈА:

Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. Пловење со траект од Zakintos до Killini, денско и ноќно возење со автобус до Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

12.ДЕН / МАКЕДОНИЈА – СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ЦЕНОВНИК:

Опис на сместување:

  • VILA AVRA се наоѓа на 20 метри од градската плажа во Лаганас и 50 метри е одалечена од главната улица каде се наоѓаат сите клубови и ресторани, секоја соба е опремена со чајна кујна и фрижидер исто така секоја соба поседува клима која се доплаќа.
  • THEODORA STUDIOS – се наоѓа на главната улица и на некои 30 метри од плажа. Располага со двокреветни студија кои се опремени со мини кујна, купатило, тераса и фрижидер. Сите соби имаат клима уреди кои се доплаќаат.
  • X-PARADISO STUDIOS – се наоѓа на плажа, и на некои 30 на метри од главната улица. Вилата располага со двокреветни и трокреветни соби. Сите соби се со тераса, кујна и купатило, опремени се со фрижидер и клима која се доплаќа.
  • MANSION HAVANA VILA – се наоѓа на 400 метри од морето и на 100 метри од главната улица. Располага со четворокреветни апартмани и двокреветни и трокреветни студија. Сите се опремени со фрижидер и клима уред кој се доплаќа, исто така имаат сопствено купатило и тераса.
  • Хотелскиот комплекс MOJO RESORT се наоѓа во самиот центар на Лаганас, на главната улица, на некои 250 метри (3 минути решачење) од главната плажа на Лаганас. Опкружен е со ресторани, маркети, кафулиња и клубови. Хотелот поседува отворен базен со лезалки кои се бесплатни за користење за гостите од хотелот како и бар и ресторан каде можете да уживате. Рецепцијата е 24 часа отворена, каде можете да изнајмите сеф (доплата 5 евра по ден). Сите соби се пространи со тераса и поседуваат приватни купатило со туш кабина. Сите соби се опремени со мини фрижидер, и поседуваат клима уреди кои се доплаќаат на самото место (10 евра по ден) Wi FI конекција има во заедничкиот дел и покрај рецепцијата.
  • DIMITRA STUDIOS e одалечена 50 метри од плажа и 50 метри од главната улица. Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија. Сите поседуваат тераса, кујна и купатило, и опремени се со клима која се доплаќа и фрижидер.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 1 евра по ден (покритие до 30.000 евра без франшиза) – се плаќа во агенција
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција
  • Превоз со брод на релација Килини – Закинтос – Килини 35 евра
  • Факултативни излети
  • Обработка на резервација
  • Индивидуални трошоци.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето