Куќа “Zeyia”- Јерисос
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Куќа“Zeyia”се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, на мирна локација и е една од најквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и пространи реновирани тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има прекрасно уреден двор и паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа на лице место при сместувањето и изнесува 2 евра на ден по апартман.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална) и директен поглед море од друга тераса (од дневна).Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има софа на пуштање, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни дмензии. Опремен е со квалитетен мебел.
Апартман број 2 (1/2+2) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба софа на пуштање (наменета за две деца до 12 год или еден возрасен) со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када, и сопствена тераса со маса и столови која има поглед кон прекрасната градина.
Дуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 43м². Има две одвоени спални соби со брачен кревет и посебна дневна соба со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран сопствен реновиран тоалет со туш кабина. Опремен е со многу квалитетен мебел. Има огромна тераса со маси и столови со поглед кон прекрасната градина.
GPS 40.40005, 23.88018
15 % попуст за 30 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 03.02.2025 (понеделник)
попустот е важечки за резервации заклучно со 04.01.2025 (сабота)
Вонсезонски цени
Термин | Ноќевања | 1/4 апартман бр. 2 | 1/4 дуплекс апартман бр. 1 | 1/4 апартман бр. 3 |
25/05-01/06 | 7 | 79 | 89 | 99 |
01/06-08/06 | 7 | 99 | 109 | 119 |
08/06-15/06 | 7 | 119 | 129 | 139 |
15/06-22/06 | 7 | 139 | 149 | 159 |
22/06-29/06 | 7 | 159 | 169 | 179 |
* цена по лице со вклучен превоз
Сезонски цени
-
Термин Ноќевања 1/4 апартман бр. 2 1/4 дуплекс апартман бр. 1 1/4 апартман бр. 3 29/06-06/07 7 679 719 739 06/07-13/07 7 729 779 799 13/07-20/07 7 769 829 849 20/07-27/07 7 769 829 849 27/07-03/08 7 799 869 879 03/08–10/08 7 799 869 879 10/08–17/08 7 769 829 849 17/08–24/08 7 769 829 849 24/08-31/08 7 749 799 809
* цена за наем на апартман
Вонсезонски цени
-
Термин Ноќевања 1/4 апартман бр. 2 1/4 дуплекс апартман бр. 1 1/4 апартман бр. 3 31/08-07/09 7 149 159 169 07/09–14/09 7 129 139 149 14/09–21/09 7 99 109 119 21/09–21/09 7 79 89 99 * цена по лице со вклучен превоз
Напомени и услови:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени задолжително плаќаат 4 лица
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2170 мкд. (35евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено в оцената (информации во агенција).
- Цените с еизразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да секомбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и промо попустот НЕ може да се комбинира.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Туристичка татакса се плаќа во агенција и изнесува 2 евра на ден по апартман.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. С-Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „С-Травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервација.
Превоз:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.