You are currently viewing Нова Година 2023 – Златибор – Сигурна Реализација

Нова Година 2023 – Златибор – Сигурна Реализација

ПРОГРАМА: 

Прв ден: 29.12.2022 (Четврток)

Тргнување на групата во 22:30 од Скопје и 23:00 часот од Куманово кон  Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 30.12.2022 (Петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери по кои Сирогојно е познато во светот. Во пладневните часови сместување во Туристичко Рекреативен Комплекс Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai), кој се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор.  На Кралскиот плоштад ќе има организирана предновогодишна забава, која ќе може индивидуално да ја посетите. Вечера.  Ноќевање.

Трет ден: 31.12.2022 (Сабота)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот “Бела Водa” и познатата железница “Шарганска Осмица”. Во попладневните часови враќање во Златибор. Вечера. Подготовка за дочек на Нова Година и можност за индивидуална прошетка низ центарот на Златибор. Дочек на Нова Година на Кралскиот плоштад во Златибор или по сопствен избор во некој од многуте ресторани или кафе-барови. Ноќевање.

Четврти ден: 01.01.2023 (Недела)

Појадок. Посета на каубојскиот град Ел Пасо. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад … Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град и го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на местото. Враќање во Златибор и слободно време за индивидуална прошетка и шопинг низ градот. Вечера. Ноќевање.

Петти ден: 02.01.2023 (Понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНОВНИК:

Апартмани на 3 кат:

за 2 лица во апартман 18.990 ден. по лице

за 3 лица во апартман 16.190 ден. по лице

за 4 лица во апартман 14.890 ден. по лице

Реновирани лукс соби на 2 кат: 18.990 ден. по лице

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобусот по протокол)
  • Три ноќевања со појадок и вечера во Туристичко рекреативен комплекс Златибор во центарот на Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai)
  • Посета на етно село Сирогојно со локален туристички водич
  • Посета на Ел Пасо
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето
  • Можност за организиран превоз од Кавадарци и Велес

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобусот по протокол)
  • Три ноќевања со појадок и вечера во Туристичко рекреативен комплекс Златибор во центарот на Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai)
  • Посета на етно село Сирогојно со локален туристички водич
  • Посета на Ел Пасо
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето
  • Можност за организиран превоз од Кавадарци и Велес

Услови за деца:

  • Деца до 2 години бесплатно (не користи седиште во автобус во случај на организиран превоз)
  • Деца од 2–7 години бесплатно за аранжман со сопствен превоз, доплата 4.990 денари за пакет аранжман со организиран превоз (со сопствено седиште во автобус)
  • Деца од 7-12 плаќаат 50% од цената на аранжманот

Доплати и попусти:

  • За аранжман со сопствен превоз се одбива 2.990 ден. по лице
  • За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници
  • За еднокреветна соба се доплаќа 50% од редовна цена на аранжманот
  • 4 и 5 лице за сместување во апартман плаќаат – 30% од цената

 СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници
  • Можност за плаќање од 6-12 рати преку СН кредити.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел