ЖУПА WELNESS & SPA 3* КОПАОНИК 2021 – ПРОМО ПОНУДА 24.01.2021 – 14.02.2021

ОПИС:

Модерни апартмани Župa Wellness & Spa се изградени во 2017 година на местото на поранешното одморалиште Жупа, веднаш над одморалиштето Сува Руда и во непосредна близина на хотелот Сребрна Лисица (поранешна Инвестбанка). До сместувањето можете лесно да пристапите со автомобил, додека со само неколку минути пешачење може да поминете 200 метри до скијачката патека: Мало Езеро.

Апартманскиот карактер на сите соби во Апартманите Жупа на Копаоник обезбедува комфорно сместување за семејства и поголеми групи, а ние нудиме: Стан за 3 лица, Стан за 4 лица, Стан за 5 лица, Стан за 6 лица и Стан за 7 лица. Резервирајте идеално сместување за семејство и пријатели со сите потребни капацитети и уживајте во прекрасната природа на Копаоник.

Сите гости на апартманите во Чупа имаат можност да се релаксираат во велнес и СПА-капацитетите. По долг ден на скијање и освојување на снежните патеки на Копаоник, секој заслужува одмор и релаксација. Искористете ги објектите како што се три вида сауни, масажи, џакузи, затворен базен и многу повеќе за ваше уживање!

 

ЦЕНОВНИК:

ŽUPA WELLNESS & SPA 3* центар (стаза Мало Езеро)

  Mакс лица 24.Jан31.Јан 31.Jан14.Фев
Бр на ноќи   7 7
Апп 2 2 515€ 498€
Aпп 3 3 573€ 555€
Aпп 4 4 636€ 615€
Апп 5 5 735€ 707€
Aпп 6 6 890€ 859€
Aпп 7 7 982€ 946€
Акција е веќе пресметана   -20%

 

  • Акција 20% попуст е пресметана во цена за термини 31.Jан – 07.Фев  I  07.Фев – 14.Фев
  • + 20% попуст на наем на ски опрема
  • + 20% попуст на ски училиште

Во цената е вклучено:

  • Наем на апартман
  • Пешкири во соба
  • Основно дневно одржување
  • Ски Гардеробер
  • Wi-Fi

 

Во цената не е вклучено:

  • Полупансион – доплата задолжителна (освен за Апп6 и Aпп7) доплата изнесува 18€ по лице на ден; Деца 2-11,99 години плаќа 9€.Деца до 1,99 години ГРАТИС
  • Туристичка такса (задолжително)1€ по лице на ден;Деца 7- 15 години 0,5€ по лице на ден; Деца 2-7 години ГРАТИС
  • Wellness and Spa центар 2 сауни, соби за масажа, внатрешен базен 9×4,5 метри, џакузи; Услугите во спа центар се резервирати плаќат на лице место во зависност од слободен капацитет;
  • Паркинг во подземна гаража – по цена од 8€ на ден, во зависност на слободни места, плаќање на лицее место;

СЛИКИ : 

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ