You are currently viewing Вила Хани-Калитеа 2025

Вила Хани – Калитеа 2025

ОПИС:

Вила Хани се наоѓа во Калитеа, на првата пешачка уличка во центарот на Калитеа, на 300м одалеченост од плажа. Вилата располага со двокреветни студија, двоспални апартмани и еден апартман со три спални соби. Сите сместувачки единици располагаат со сопствен тоалет, балкон, кујна опремена со прибор за готвење и јадење, клима, ТВ,  интернет (за квалитетот на интернетот агенцијата гарантира).

  • Двокреветните студија (бр.4 и 5)  се наоѓаат на прв кат, со капацитет за 2 лица и можност за сместување на дете до 4,99год (кое спие со родители)
  • Двоспален апартман за 5 лица +1 дете (бр.2) лоциран на високо приземје, составен од 2 спални соби (една соба со дупли кревет и една софа) + (една соба со два единечни кревети), дневен престој со софа и кујна
  • Двоспален апартман за 4 лица +1 дете (бр.1) лоциран на високо приземје, составен од две спални соби (една соба со дупли кревет) + (една соба со 2 единечни кревети),  дневен престој со софа на која може да спие дете и кујна
  • Троспален апартман за 8 лица +1 дете (бр.3) лоциран на прв кат, составен од 3 посебни спални соби (една соба со еден дупли кревет и еден единечен) + (една соба со еден дупли и еден единечен кревет) + (соба со 1 единечен кревет),  дневен престој со 2 софи, од кои едната може да се користи за спиење и кујна.

Првите два и последните два термини се промотивни и на истите не следува попуст за рана резервација или дополнителен попуст за два резервирани последнователни термини. Промотивните термини се  резервираат со 50% уплата.

ПОПУСТИ:

-12% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2025
-7%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.03.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.04.2025
-5%   ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2025, СО 100%УПЛАТА ДО 10.05.2025

ВИЛА ХАНИ – КAЛИТЕА
ЦЕНА ПО СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА /  НЕДЕЛА НА НЕДЕЛА
Термини ноќ. Double Studio 2bedroom app 4+1chd 2bedroom app 5+1chd 3bedroom app (8+1chd)
18.05-25.05 7 139 189 209 269
25.05-01.06 7 179 219 249 309
01.06-08.06 7 269 359 429 489
08.06-15.06 7 339 509 549 579
15.06-22.06 7 409 539 579 649
22.06-29.06 7 449 649 689 829
29.06-06.07 7 549 859 889 979
06.07-13.07 7 579 909 959 1009
13.07-20.07 7 599 929 979 1029
20.07-27.07 7 599 929 979 1029
27.07-03.08 7 599 929 979 1029
03.08-10.08 7 599 929 979 1029
10.08-17.08 7 599 929 979 1029
17.08-24.08 7 599 929 979 1029
24.08-31.08 7 549 859 889 979
31.08-07.09 7 429 529 629 809
07.09-14.09 7 359 469 509 559
14.09-21.09 7 209 349 389 429
21.09-28.09 7 179 279 299 369

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената е вклучено:

  • 7 ноќевања за наем на соба
  • Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)
  • Клима

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса: 2 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
  • Превоз

ПРЕВОЗ:

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз  Скопје-Халкидики – Недела време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04;00 50 €
Велес – (бензинска пумпа Мотел Македонија 04;30 50 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03;40 65 €
Неготино – бензинска, Неготино 05;00 50 €
Граничен премин – бензинска Шимов 06;00 50 €

 

Цена по лице за превоз  Битола- Халкидики – Недела време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04;00 45 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03;15 45€
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола 02;15 55 €
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола 02;30 55 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола 03;15 55 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Час и место на поаѓање од Грција

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ: 

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

СЛИКИ:

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ