Golden Beach 3* Метаморфози
ОПИС:
Хотел ГОЛДЕН БИЧ е лоциран во центарот и на 20 метри од песочната плажата во Метаморфозис. Опколен е со боровата шума од едната, а море од другата страна со што е совршен склоп за релаксирање и одмор. Хотелот располага со 47 соби: 1/3 ”Economy” собите се наоѓаат на приземје и немаат поглед кон море (брачен + eдинечен кревет), 1/3 “Standard” собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 ”Family Standard” собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба) и 1/4 ”Family Suite” собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Family Apartman со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба) . Секоја соба има балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ и тоалет. Хотелот има главен ресторан, бар, базен со чадори и лежалки кои се бесплатни за користење од страна на гостите, детско катче и сопствена плажа со бич бар кој е со доплата. Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН !
- Појадок 08:00-10:00ч. на база шведска масa;
- Вечера 18:30-21:00ч. на база шведска маса;
ЦЕНИ 2026:
| ПОЛУПАНСИОН | ноќи | 1/3 | 1/3 | 1/4 | 1/4 | 1/5 |
| ТЕРМИН | Приземје | Стандард | Студио | Апартман | Апартман | |
| 23.05 | 7 | 250 | 260 | 315 | 335 | 365 |
| 30.05 | 7 | 270 | 310 | 355 | 380 | 410 |
| 06.06 | 7 | 325 | 345 | 405 | 430 | 460 |
| 13.06 | 7 | 355 | 390 | 460 | 485 | 515 |
| 20.06 | 7 | 390 | 425 | 485 | 505 | 535 |
| 27.06 | 7 | 430 | 450 | 510 | 535 | 570 |
| 04.07 | 7 | 470 | 485 | 565 | 585 | 620 |
| 11.07 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 18.07 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 25.07 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 01.08 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 08.08 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 15.08 | 7 | 510 | 545 | 595 | 620 | 660 |
| 22.08 | 7 | 480 | 520 | 570 | 590 | 620 |
| 29.08 | 7 | 415 | 455 | 485 | 505 | 545 |
| 05.09 | 7 | 370 | 390 | 450 | 470 | 515 |
| 12.09 | 7 | 305 | 325 | 390 | 410 | 460 |
| 19.09 | 7 | 275 | 290 | 335 | 355 | 380 |
Цените се изразени во евра, а плаќањето е во денарска противвредност 1 € = 62 денари
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подраз бира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;
НАПОМЕНА:
* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)
* Цените во табелата се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за 7 ноќевања;
* Прво дете во 1/3 соба, Приземје или Стандард, и 1/4 или 1/5 Студио и Апартман” од 0 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО;
* Второ дете во 1/3 Стандард, од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
* Второ дете во 1/4 Студио или 1/4 и 1/5 Апартман, од 0 до 5,99 г. на редовно легло БЕСПЛАТНО
* Второ дете во 1/4 Студио или Апартман од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плаќа 20% од цената
* Второ и трето дете во 1/5 Апартман’ од 5,99 до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло, плакаат по 20% од цената за возрасен
* Трето дете во 1/4 Студио или Апартман од 0 до 05,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
* Четврто дете во 1/5 Апартман од 0 до 5,99 г. без легло – БЕСПЛАТНО
* Трета, четврта и петта возрасена особа над 12 години во 1/3 Приземје и Стандард, или 1/4 студио, и 1/4 и 1/5 апартман плаќаат по 60% од цената по лице;
* Туристичка такса се плаќа на лице место во хотелот;
* Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот;
* Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот и во соба;
* Сместување во собите е по 14:00 по локално време а напуштање е до 10:00 по локално време;
* За уплатени два последователни термини (7+7 ноќевања) одобруваме вкупен попуст од 5% (попустите не се комбинираат со актуелните промоции);
ПРЕВОЗ:
Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
* Возрасни: 50 € (еден правец 40 €)
* Деца од 2 до 12 години: 40 € (еден правец 35 €)
* Деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.