ФЕСТИВАЛ НА МИМОЗИТЕ
во ХЕРЦЕГ НОВИ
Фестивалот на Мимозите, настан кој се одржува во чест на цветот Мимоза. Овој настан е многу стар и се организира од 1969 година. Мимозата цвета во февруари, па празникот се организира од февруари до март и трае точно еден месец. Убаво е да се види Јадранскиот брег, жолт цвет покрај автопат, покрај морето и да се почувствува неговиот опоен мирис на секој чекор. Програмата за време на фестивалот „Мимоза“ е разновидна и се одвива на бројни локации, како на затворено така и на отворено, вклучува: отворање на празникот, шоу на мажоретки, фестивал на риби, вино и музика покрај брегот (бесплатно), изложба на цвеќиња, концерти на големи регионални музички ѕвезди, маскенбал, изложба на автентични производи, претстави, денови на вино, промоции на книги, вечери на медитеранска музика, базари на локалната кујна…..
1 ден: четврток 11.02.2027 Поаѓање за Херцег Нови во 23 часот од пред Спортска Сала на паркингот. Ноќно патување со попатни паузи.
2 ден: петок 12.02.2027 Пристигнување во Херцег Нови, разглед на градот – стариот дел на градот, Тврдината, шеталиштето ….Сместување во хотел со 4 ****во Игало, каде е всушност главната манифестација- главната бина каде се отвора Фестивалот. Слободно време за користење на Спа центарот од хотелот… Во приквечерните часови следење на отворањето на фестивалот, сцена со богата програма каде што оваа година ќе пее Владо Георгиев. Ноќевање.
3 ден: сабота 13.02.2027 Појадок. По појадокот организиран превоз до Баошиќ, место каде се одржува уличната манифестацијата, по целиот тој пат од Кумбор, Џеновиќ па се до Баошиќ е во знакот на мимозата, се е жолто, организаторите нудат бесплатна риба и вино, а низ улиците врват мажоретки придружени со Градскиот оркестар…се е премногу весело….Долж оваа ривиера посадени се дури 35000 илјади стебла на мимоза. Насекаде се осеќа опојниот мирис на мимозата….. На повеќе отворени сцени настапуваат повеќе познати пеачи меѓу кои Неда Украден, а на платото во Џеновиќи свој концерт ќе има Филип Алексиќ. Враќање во хотелот во попладените часови. Слободно време за користење на спа од хотелот или индивидуални прошетки. Вечерта има спектакл на отворено Ноќ под маски на отворено со DJ Југотон и Неда Украден. Ноќевање.
4 ден: недела: 14.02.2027 Појадок. Одјавување и поаѓање за Македонија, слободно време за индивидуални активности.Околу пладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во касните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
– 169 евра – 10500 мкд со авансна уплата од 3000 ден до 15.12.2026
Редовна цена: 179 евра – 11100 мкд
Во цената вклучено е:
– автобуски превоз со високотуристички автобус
– две ноќевања со појадок во хотел Palmon Bay 4****
– користење на базенот и СПА Центарот од хотелот
– Превоз до Баошичи за манифестацијата покрај море
– организација и водство на аранжмот
Во цената не е вклучено:
– туристичка такса 1,5 евра по лице на ден
– факултативни индивидуални посети
Palmon Bay Hotel & Spa е хотел со 4 ѕвезди плус сместен покрај морскиот брег, во Игало. Опкружен е со уникатна природна средина и прекрасен поглед на заливот Бока. Хотелот располага со 213 соби и апартмани, приватна плажа, отворен и внатрешен базен, велнес и спа центар, теретана, бар покрај базен, деловен центар и a la carte ресторан Olive Terrace кој се наоѓа на терасата на покривот.
Спа центарот се протега на 500м². Базенот со природна минерална вода е она што го прави уникатен спа центарот Palmon Bay. Минералната вода го враќа балансот на природните минерали и соли во вашето тело. Спа центарот нуди и парна бања, финска и инфрацрвена сауна, топла када, солена соба и центар за масажа, како и широк спектар на третмани за спа и убавина.