8 ДЕКЕМВРИ ВО КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
05.12- 08-12.2026
Програма на патување:
1.Ден 05.12.2026 (сабота) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 06.12.2026 (недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Можност за прошетки долж тн Патеки на здравјето по падините на Копаоник. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 07.12.2026 (понеделник) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
4.Ден 08.12.2026 (вторник) КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена за комплетна уплата до 30.10.2026 – 259€/16.058ден
Редовна цена на аранжманот 269€/16.678ден
Цени по лице за најмалку 2 лица во соба
Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација.
– Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 3 ноќевања
– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
– Користење на внатрешни и надворешни базени со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
– Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
– Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
– Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Патничко и здравствено осигурување.
– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање).
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
НАПОМЕНИ:
- За single соба се доплаќа дополнителни 90 евра
- Патување со Сопствен превоз -10 Евра по лице
- Дете до 5,99 со двајца возрасни плаќа само превоз 40 Евра по лице
- Деца од 6 до 11,99 со двајца возрасни имаат 30 % попуст
- Деца од 0 до 1,99 години Бесплатно во автобус и Хотел
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место