БУДВА – НЕЗАБОРАВНА НОВОГОДИШНА БАЈКА НА ЈАДРАНОТ
Будва е една од најстарите населби на Јадранското Море, стара повеќе од 2.500 години, и важи за една од најатрактивните туристички дестинации на јадранскиот брег. Позната е по својот волшебен Стар Град, прекрасните морски пејзажи, живописните улички, бројните ресторани, кафулиња и богатата понуда на ноќен живот.
За време на новогодишните празници, Будва се претвора во вистинска празнична магија! Туристичката организација на Општина Будва организира бесплатни новогодишни концерти на плоштадот пред самиот Стар Град, со разновидна музичка програма, познати изведувачи од регионот и спектакуларен огномет што го осветлува небото над Јадранот.
Речиси и да нема музичка ѕвезда од регионот која не посакала здравје, среќа и успех пред десетици илјади посетители собрани на будванскиот плоштад. Илјадници насмеани лица, добра музика, празнична еуфорија и незаборавна атмосфера ја прават Будва едно од најпосакуваните места за дочек на Новата година.
Замислете го дочекот на Новата година покрај морето, со омилените песни, светлата на градот и магичната атмосфера на Стариот Град!
И оваа година, Будва ве очекува со многу музика, забава и незаборавни моменти!
Дозволете си поинаков дочек на Новата година – исполнет со емоции, радост и спомени што ќе се раскажуваат долго по празниците!
1.Ден 30.12.2026 – ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ!!
Битола – Ресен – Охрид – Струга преку граничен премин Ќафасан.
Битола – Прилеп – Росоман – Велес – Скопје преку граничен премин Блаце.
Планирано поаѓање околу 22:30 часот. АГЕНЦИЈАТА е должна до два дена пред поаѓање да ги контактира пријавените патници за точно место и време на поаѓање зависно по градови. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден 31.12.2026 – Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во хотел / апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот. Вечерта слободно време за забава на плоштад со бројна организирана музичка програма, а секако постои и можност да продолжите во некој од ноќните клубови, ресторани итн. СРЕЌНА НОВА 2027 ГОДИНА !!!
Ноќевање.
3. Ден. 01.01.2027 – Факултативна прошетка до Котор и Тиват. Планирано поаѓање во 10 часот. Пристигнување во Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Будва. Вечерта слободно време за забава на плоштад.
4.Ден 02.01.2027 – Факултативен целодневен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Вечерта забавата продолжува на плоштад. Ноќевање.
5.Ден 03.01.2027 – Одјавување од собите (хотел/апартман) и поаѓање за Македонија во 10 часот. Денско возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА ЗА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ:
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 10/12 – 169 ЕУ
редовна цена 189 ЕУ – 3 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК – ХОТЕЛ ОАЗА 3* (ЦЕНТАР)
ЦЕНА ЗА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ:
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 10/12 – 129 ЕУ
редовна цена 149 ЕУ – 3 НОЌЕВАЊА БЕЗ ОБРОЦИ
Во цената е вклучено :
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- ТРИ ноќевања во хотел 3*(со појадок) или 3 ноќи во апартмани во Будва
Опис на сместување: HOTEL OAZA 3* / APARTMENTS ZEC - Организација и водство на патувањето
- Пратител на групата за време на целото патување
Во цената не е вклучено:
- ДУБРОВНИК со вклучен траект на заливот Бока Которска – 45 еу,
- КОТОР, ТИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО – 25 ЕУ
- Патничко осигурување -ИНФОРМАЦИИ ВО АГЕНЦИЈА
- туристичка такса: 2 еу по ден по лице
За еднокреветна соба доплата + 60 еу – хотел или + 30 еу за апартманско сместување
Деца до 4 год. бесплатно сместување плаќаат само превоз – 50 ЕУ во присуство на две возрасни лица во соба
Деца од 5-12 год. плаќаат редовна цена на аранжман добиваат попуст на факултатива.
НАПОМЕНА!!! Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
Важно
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта РСМ (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
- Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
- Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
- ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
- Со оваа програма важат Општите услови на патување.