За Нас

За Нас

Туристичката агенција С – Травел претставува новина на пазарот на услуги во туристичката дејност. Како деловен субјект отпочнува со работа во 2018год. под сопственост на г-дин Сашо Стојковски, кој веќе 27 години е предводник во туристичкиот сектор. Креативниот пристап и иновативноста во нашите пакет услуги, не издвојува од стандардните понуди на класичните туристички агенции. Први сме и единствени на нашите простори кои го третираат и вложуваат во концептот за рурален туризам во МАКЕДОНИЈА. Ги работиме сите подвидови на рурален туризам и тоа, агро, еко етно алтернативен туризам. Исто така, од неодамна отпочнуваме и со нова, засебна категорија, за можноста и капацитет на развој на медицински туризам на нашите простори.

Покрај овај вид на услуги С – Травел, располага со понуди од категориите:

  • Летовање, со сопствен закуп,
  • Зимовање,
  • Спа центри,
  • Викенд аранжмани,
  • Хотели,
  • Апартмани,
  • Авионски карти,
  • Патничко осигурување,
  • Екскурзии,
  • Саеми,
  • Конгреси,
  • Семинари,
  • Спортски натпревари,
  • Топ метрополи.

С – Травел третира и индивидуални понуди по желба на потрошувачите. Во концептот на работа ги воведовме и вредносните туристички ваучери, како поклон на Вашите најблиски за нивната свадба, роденден, матура или друг повод. Нареден проект кој што веќе е во изработка е можноста за онлајн наплата и B2B онлајн систем преку кој што нашите соработници од агенциите ќе имаат полесен пристап за услуги кои што ги нудиме, при тоа преку него можат лесно да ги направат нивните резервации.

Нашиот тим е составен од пет професионални туристички работници кои се тука да се погрижат за Вашите потреби.

За нашата професионалност сведочат и бројките од многу опслужени и задоволни клиенти, партнерствата со голем број на агенции, тур оператори и фирми.

Доверете ги вашите соништа на нашиот тим и дозволете да креираме заедно незаборавни моменти. Вистинскиот избор е С – Травел – бидејќи животот е патување!!!!

Facebook страна: https://www.facebook.com/stravel.bitola

Instagram профил: https://www.instagram.com/stravel_bitola/