You are currently viewing СИВИРИ -Вила „HRISTOS“ ЛЕТО 2027

СИВИРИ – ЛЕТО 2027

Вила „HRISTOS“

 

Сивири е место кое се наоѓа на западниот брег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизно синото море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситно песочната плажа му е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозмужува на најмалите по цел ден да се на плажа без никакви грижи! Да не ја заборавиме најдобрата страна на ова магично место, во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00!

 

ТЕРМИН ОД: НОЌИ HRISTOS         1/2 Студио HRISTOS         1/3 Студио HRISTOS       1/4 Апп
22.05 7 169 209 229
29.05 7 199 269 289
05.06 7 289 349 389
12.06 7 369 409 479
19.06 7 419 479 559
26.06 7 439 529 609
03.07 7 479 559 649
10.07 7 499 589 689
17.07 7 539 649 769
24.07 7 539 649 769
31.07 7 539 649 769
07.08 7 539 649 769
14.08 7 539 649 769
21.08 7 509 599 719
28.08 7 439 509 599
04.09 7 389 419 489
11.09 7 289 319 359
18.09 7 219 239 279

Вила Христос е со едната нога во песокот, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите соби се опремени со: кујна (која оваа година ќе биде целосно обновена) опремена со прибор според бројот на лица во собата, бања, ТВ WI-FI и клима уред, чие користење е вклучено во цената. Терасите се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да го уживате зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Вилата располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартмани, што значи дека можат да одговараат на сите структури!

 

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

* Туристичка такса се плаќа во агенција;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;

* Интернетот во вилата е во функција после 01 Јуни

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 620,00 денари (10 евра)

 

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот;

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:

* 10% на сите термини, до 25.12.2026
* Уплата при резервација на 50% од износот на аранжманот;
* Доплата до 25.02.2027;

* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

 

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, на најблиското место каде што може да застане автобусот;

* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 60 € возрасни (повратен билет), 45 € возрасни (eден правец)

* 45 € деца од 2 – 12 години(повратен билет), 40 € деца од 2 – 12 години(еден правец)

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

 

 

 

Важат Општите услови за патување на НАТА и С-ТРАВЕЛ