You are currently viewing Hotel Gallery Thermo Mineral & Spa – Клокот

Hotel Gallery Thermo Mineral & Spa – Клокот

 Призрен – Клокот – Урошевац
 05-07.12.2026

 
Прв ден 05.12.2026 Поаѓање од Битола во 04:00 часот од Спортска Сала. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Призрен. Разглед на градот со локален водич. После тоа се упатуваме до бања Клокот.
Бањата Клокот се наоѓа во Општина Витина, Косово и Метохија, Република Србија. Оддалечена е околу 15 километри југозападно од Гњилане и исто толку источно од Урошевац.
Бањата располага со неколку термални извори, чија температура се движи од 16 до 32 °C, а на одредени места достигнува и до 50 °C.
Старата бања имала 200 када и два базена, со капацитет од по 50 лица во една смена. Денес капацитетите се двојно поголеми, благодарение на изградбата на приватен хотел со стационарен дел и базени.
Сместување во Hotel Gallery Thermo Mineral & Spa е луксузен спа и велнес хотел лоциран во Клокот, Косово, познат по своите лековити термоминерални води и модерни спа капацитети. Хотелот нуди врвно искуство за релаксација, медицински и велнес третмани. Слободно време. Вечера. Ноќевање.Втор ден 06.12.2026 Појадок. После појадокот слободно време. За максимално да го искористите времето во Hotel Gallery Thermo Mineral & Spa, најдобро е да комбинирате активна релаксација во спа зоната, здравствени третмани и истражување на околината. Вечера. Ноќевање.
​
Трет ден 07.12.2026 Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Посета на Урошевац. Слободно време за шопинг и ручек. Во попладневните часови поаѓање за Битола.
 
Цена: 165 евра
 
Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања (полупансион)
  • Автобуски превоз
  • Организација и водство на групата

Во цената не е вклучено:

  • Здравствено-патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

 
Напомена:
– Доплата за еднокреветна соба 50 евра
– Дете 03-11.99 години со 2 возарасни – 30% попуст.
– Aгенцијата го задржува правото за промена на редоследот на одделни посети во зависност од временските услови како и надворешни актори – виша сила
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
–  Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
–  Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
–  Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
– Патниците самите имаат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.

 

Важат Општите услови за патување на НАТА и С-ТРАВЕЛ