Божиќна термална авантура – Словенија, Австрија и Хрватска
05.01.2027 – 09.01.2027
Оваа внимателно креирана програма претставува совршена комбинација од релаксација, велнес и културни доживувања, со престој во луксузниот хотел Терме Виват 5★ и посети на атрактивни историски градови во Словенија, Австрија и Хрватска.
Уживајте во благодетите на термалните води, спа и велнес содржините, надополнети со интересни екскурзии, културни знаменитости, архитектура и историја на прекрасните европски градови.
Дозволете си неколку незаборавни зимски денови исполнети со одмор, уживање и нови доживувања, откривајќи ги убавините на Централна Европа во посебниот зимски амбиент
Ден 1: БИТОЛА – СРБИЈА – ХРВАТСКА – TЕРМЕ ВИВАТ 05.01.2027
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 16:00 часот. Поаѓање кон Словенија преку Србија и Хрватска со удобен автобус. Патувањето ќе има попатни одмори за освежување и уживање во зимските пејзажи. Ноќното патување овозможува пристигнување свежи за релаксирачкиот почеток на вашата авантура.
Ден 2: ПРИСТИГНУВАЊЕ – ТЕРМЕ ВИВАТ 5★ – релаксација и уживање 06.01.2027
Пристигнување во претпладневните часови и сместување во луксузниот хотел Терме Виват 5★, сместен во мирното и живописно опкружување на Моравске Топлице.
Овој ден е посветен на одмор, релаксација и уживање. Гостите ќе имаат можност да ги почувствуваат благодетите на термалната вода и да уживаат во богатите содржини на хотелскиот спа и велнес центар. Термалните базени, сауните и просториите за релаксација создаваат идеални услови за целосно опуштање по патувањето.
За оние кои сакаат активен одмор, слободното време може да се искористи за прошетка во околината на хотелот или за дополнително уживање во хотелските содржини.
Хотел Терме Виват 5★ нуди:
- Термални базени со природна термална вода, идеални за релаксација и одмор;
- Спа и велнес центар со сауни, парни бањи и различни велнес третмани;
- Модерно и комфорно опремени соби, со пријатен амбиент и поглед кон околната природа;
- Ресторан со богата гастрономска понуда, каде ќе биде послужена вечера.
По денот исполнет со релаксација и уживање, следува вечера во хотелот.
Ноќевање.
Ден 3: Факултативна полудневна екскурзија – Марибор, Словенија 07.01.2027
По појадокот во хотелот, групата ќе се упати кон Марибор, втор по големина град во Словенија, сместен на околу 60 км од Терме Виват. Градот плени со својата шармантна архитектура, културно наследство и пријатна атмосфера. Разгледот започнува со прошетка низ Плоштадот на генералот Маистра, а потоа се посетува Покраинскиот музеј, сместен во Градскиот дворец, кој нуди увид во историјата и традицијата на регионот. Следува прошетка покрај Фрањевачката црква, Плоштадот Леона Штукља и Сломшковиот Плоштад, како и разглед на Катедралата Св. Јован Крстител, која датира од 12. век. Марибор нуди и уникатни знаменитости како Жидовската кула и Синагогата, кои го раскажуваат богатото културно минато на градот. Денот кулминира со посета на најстарата лозa на светот – Plava Žametovka, впишана во Гинисовата книга на рекорди, симболизирајќи ја винската традиција и културното наследство на Марибор-Похорје. Полу дневната екскурзија нуди комбинација од културни и историски доживувања, убави градски пешачки патеки и локален колорит, идеална за љубителите на историјата и архитектурата.
По завршувањето на разгледот, групата се враќа во Терме Виват, каде следува слободно време за одмор и уживање во термалните базени и благодетите на термалната вода. Вечера. Ноќевање.
Ден 4: Факултативна целодневна екскурзија – Грац, Австрија 08.01.2027
Појадок во хотелот. Факултативна целодневна екскурзија до Грац, град со богата културна и историска понуда, прекрасен и живописен град сместен покрај реката Мура, на околу 120 км од Терме Виват. Пристигнувањето во градот започнува со посета на Кунстхаус Грац, познат и како Музеј на уметност во Грац. Овој музеј, изграден по повод прогласувањето на Грац за Европска престолнина на културата во 2003 година, стана вистинско архитектонско обележје. Следува прошетка до Schlossberg, рид во центарот на градот обиколен со шума, кој денес претставува јавен парк. Од таму се открива прекрасен панорамски поглед на целиот Грац, идеален за фотографии и прошетки. Потоа следи краток фото-стоп кај Murinsel, уникатна пловечка платформа среде реката Мура, дело на нјујоршкиот уметник Вито Акончи, создадена по повод Европската престолнина на културата во 2003 година. После културните разгледи и уживањето во архитектонските убавини на Грац, следува слободно време за ручек и прошетка во центарот на градот. Денот продолжува со посета на Божиќните маркети низ градот, прекрасно украсен исполнувајќи ги сите сетила за кои патниците ќе се сеќаваат уште долго време. Враќање кон Терме Виват. Вечера. Ноќевање.
Ден 5: Терме Виват – Загреб – Битола 09.01.2027
После појадокот, ги напуштаме Терме Виват и заминување кон Загреб, главниот град на Хрватска, познат по својот шарм, културно наследство и празнична магија. Разгледот започнува со прошетка низ Плоштадот Бан Јелачич, централното срце на градот, каде се чувствува живописната енергија на градот.
Следи посета на пазарот Долац, каде можат да се видат свежи локални производи и традиционални специјалитети. Продолжува разгледот на Катедралата на Загреб и Камена Врата, а прошетката го води и до Плоштадот Свети Марко и Кулата Лотршчак, кои ја раскажуваат историјата на градот.
По разгледот и прошетката, групата продолжува кон Македонија, со кратки попатни одмори за освежување.
Пристигнување во Македонија во раните предпладневните часови, исполнети со незаборавни спомени од културните и празнични доживувања.
💶 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
🔥 СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА – САМО ЗА ПРВИТЕ 10 СОБИ со целосна уплата до 15.10.2026 379 €
⭐ РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА со целосна уплата до 31.10.2026 399 €
💎 РЕДОВНА ЦЕНА 449 €
Вклучено во цената:
- Превоз со комфорно возило на дадената релација
- Хотелско сместување 5* на база 3 полупансиони (појадок и вечера – шведски стол)
- Користење на спа и термални базени, светот на сауни
- Разглед на Загреб со локален водич GRATIS
- Организација и водство од агенцијата
Не е вклучено:
- Патувачко осигурување (250 ден)
- Туристичка такса се плаќа на рецепцијата на хотелот при пријава
- Факултативна целодневна посета на Грац со локален водич (60 €)
- Факултативна полудневна посета на Марибор со локален водич (20 €)
ПОПУСТИ ЗА ДЕЦА
👶 До 3,99 год. – БЕСПЛАТНО во хотел – плаќаат седиште 100 €
🧒 4–9,99 год. – 50% ПОПУСТ
👦 10–13,99 год. – 30% ПОПУСТ
Пакет факултативни посети:
- Грац и Марибор – 70 €
- Деца 35 €
Напомени:
- За реализација на аранжманот потребен минимум 30 патници
- За факултативните посети минимум 25 патници
- Краен рок за пријавување: 15.11.2026
Важат Општите услови за патување на НАТА и С-ТРАВЕЛ