ДИЗНИЛЕНД – ПАРИЗ
14.01-17.01.2027/ 04.03 – 07.03.2027 / 03.04 – 06.04.2027 / 01.05 – 04.05.2027
ПАРИЗ 4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ ( 06.12 – 4 ноќи-5дена)
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 13:00 часот. Слетување во 16:05 часот. (април и мај 12:20 – 15:20). Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Avenue des Champs-Élysées – Елисејските Полиња, Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – плоштадот Конкорд . Сместување во хотел.Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Се посетуваат:, Tour Eiffel – Ајфеловата кула, слободно време за искачуање или индивидуални прошетки. Факултативно: прошетка со брод по реката Сена.Факултативна посета на Musée du Louvre – музејот Лувр.Организирна посета на галеријата Лафајет. Враќање во хотел.Ноќевање во хотел.
3 ден
Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Поаѓање од хотел , посета на Латинскиот кварт . Поаѓање од Париз. Полетување во 14:55ч од Париз, слетување во Скопје во 17:40 ч.( април и мај 15:55 -18:40).
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со Wizzair
( седиштата во авион се чекираат по случаен избор ) - Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS / 4 ноќевања за групата 06.12.2026
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организиран панорамски разглед на градот со автобус
- Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
- Туристичка такса
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Влезница за Лувр 38 € (само влезница), за деца до 10 години 18 €
- Влезница за брод по Сена 18€, за деца до 10 години е 10 €
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник
** Резервација на факултативи при купување на аранжанот!
Важна напомена:
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности
Општи услови:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 170 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците