ОПИС:
Хотел-Акрополис 3* се наоѓа во Фурка, на околу 200 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 900 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченост од ресторани, кафулиња и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината.
Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Хотелот Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и секогаш уредни и добро одржувани.
ЦЕНОВНИК:
Фамилијарна апартманска понуда Фурка – Халкидики | ||||
Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2024 -15% до 31/12/2024 -10% 28/02/2025 | ||||
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 50%, а остатокот 10 дена пред термин. | ||||
Хотел-апртмани Акрополис 3* Фурка | 1/3 студио | 1/4 студио | 1/4 апартман | Напомена |
Термин/Услуга | наем | наем | наем | |
24.05-31.05. | 99 | 119 | 139 | промо |
31.05-07.06. | 129 | 149 | 169 | промо |
07.06-14.06. | 169 | 189 | 219 | |
14.06-21.06. | 249 | 269 | 289 | |
21.06.-28.06. | 329 | 349 | 369 | |
28.06.-05.07. | 389 | 409 | 429 | |
05.07.-12.07. | 449 | 469 | 499 | |
12.07.-19.07. | 489 | 509 | 529 | |
19.07.-26.07. | 559 | 579 | 599 | |
26.07.-02.08. | 559 | 579 | 599 | |
02.08-09.08. | 559 | 579 | 599 | |
09.08-16.08. | 559 | 579 | 599 | |
16.08.-23.08. | 559 | 579 | 599 | |
23.08-30.08 | 489 | 509 | 529 | |
30.08-06.09. | 379 | 399 | 419 | |
06.09-13.09. | 299 | 319 | 339 | |
13.09-20.09. | 229 | 249 | 269 | промо |
20.09-27.09 | 159 | 179 | 199 | промо |
Хотелот Акрополис располага со 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет, балкун, | ||||||
Хотелот располага и со детско катче со играчки и крлешки. | ||||||
Сите апартмани имаат прекрасен поглед на море и целата околина на Фурка. | ||||||
Гостите имаат на располагање базен за кој користењето е ВКЛУЧЕНО во цена, како и лежалки и чадори на базен. | ||||||
Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок од својот Akropolis beach bar. | ||||||
Постои и можност за доплата за појадок и вечера во хотелот по цена од 140 Еур по лице за 7 дена. Информации во агенција. | ||||||
На плажата има можност за поставување на свои лежалки, или пак изнајмување само со нарачка на пијалок. |
СЛИКИ:
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење клима уред
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Појадок и вечера 140Є по лице за 7 дена
Туристичка такса € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Цените се за наем на студио за 8 дена 7 ноќевања
Цените се во € за плаќање во денари, 1€ = 62 мкд
Првите два и последните два термина се промо цени и на нив нема попуст.
Автобуски превоз:
- Битола 45€
- Скопје 45€
- Велес45€
- Кавадарци 45€
- Прилеп 50 €
- Ресен55€
- Охрид55€
- Струга 55 €
Деца од 2 до 11,99 год. попуст 10 Евра од редовната цена.
Напомени:
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.