You are currently viewing БУДВА НОВА ГОДИНА 2026 2 ноќевања

БУДВА НОВА ГОДИНА 2026

Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара  и е најатрактивното место на Јадранскиот брег позната по Стариот Град, по ноќниот живот со многу дискотеки, кафичи, ресторани …. Туристичката организација на Општина Будва организира бесплатни новогодишни настани на плоштадот пред самиот Стар Град со разновидна програма со бројни музички изведувачи и огромнен огномет. Не постои позната музичка ѕвезда од регионот која нема посакано здравје, среќа и успех на десеттици илјади луѓе собрани на будванскиот плоштад. Така ќе биде и оваа  година!

МУЗИЧКА ПРОГРАМА ВО НАЈАВА: АЦО ПЕЈОВИЌ, БЕЛО ДУГМЕ, ЕМИНА ЈАХОВИЌ, ПЕЏА МЕДЕНИЦА, БОБАН РАЈОВИЌ, ЈОВАНА ПАЈИЧ, МИРЗА СЕЛИМОВИЌ !!!

1.Ден 30.12.2025  – ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ!!

Битола – Ресен – Охрид – Струга преку граничен премин Ќафасан.
Битола – Прилеп – Росоман – Велес – Скопје преку граничен премин Блаце.

Планирано поаѓање околу 22:30 часот. АГЕНЦИЈАТА е должна до два дена пред поаѓање да ги контактира пријавените патници за точно место и време на поаѓање зависно по градови. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 31.12.2025  – Пристигнување во Св.Стефан во утринските часови. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према Будва. Пристигнување во Будва во утринските часови сместување во хотел / апартмани. Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Будва како и низ Стариот дел од градот.  Вечерта слободно време за забава на плоштад со бројна организирана музичка програма, а секако постои и можност да продолжите во некој од ноќните клубови, ресторани итн. СРЕЌНА НОВА 2026 ГОДИНА !!!

Ноќевање.

3.Ден 01.01.2026 – Факултативен целодневен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Вечерта забавата продолжува на плоштад. Ноќевање.

4.Ден  02.01.2026  – Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните  часови.

НАПОМЕНА!! Патниците кои нема да доаѓаат на факултативната посета во КОТОР, остануваат во БУДВА и ќе бидат информирани од водичите за време и место на поаѓање од БУДВА.

ЦЕНА ЗА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ:
139 ЕУ – 2 НОЌЕВАЊА СО ПОЈАДОК

ЦЕНА ЗА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ:
109 ЕУ – 2 НОЌЕВАЊА БЕЗ ОБРОЦИ

!! ЗА СИТЕ РЕЗЕРВАЦИИ СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 15.12 ДОБИВАТЕ -10 ЕУ ПОПУСТ ОД РЕДОВНАТА ЦЕНА !!

За еднокреветна соба доплата + 60 еу

Во цената е вклучено :

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • 2 ноќевања во хотел 3*(со појадок) и 2 ноќи во  апартмани во Будва
    Опис на сместување: HOTEL GRBALJ & APARTMENTS ZEC
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител на групата за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

  • ДУБРОВНИК со вклучен траект на заливот Бока Которска – 40 еу,
  • КОТОР, ТИВАТ, ПОРТО МОНТЕНЕГРО – 25 ЕУ
  • Патничко осигурување -ИНФОРМАЦИИ ВО АГЕНЦИЈА
  • туристичка такса 1,5 еу по ден по лице за апартманско сместување и 2 еу по лице по ден за хотелско сместување ( се плаќа во автобус)

 

НАПОМЕНА!!! Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патнициво спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта РСМ (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.

 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А С-ТРАВЕЛ