You are currently viewing Интерхотел 4* Сандански- 7+ноќевања 2025

 Интерхотел 7+ ноќевања

Важи од 01.02.2025

Сандански  е град на југозападот на Бугарија, во подножјето на Пирин планина на само 40 км од Македонската граница. Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Тука се наоѓаат над 80 минерални извори со температура од  33°С до 83°С со ниска минерализација и успешно се користат за третмани на најразлични болести.
Интерхотел Сандански е најголемиот медицински центар за балнеологија и рехабилитација на Балканот и е сместен во самиот центар на градот на главната пешачка улица.

Интерхотел 7+ ноќевања

ИНТЕРХОТЕЛ САНДАНСКИ  ВВ  НВ
Еднокреветна соба 78 € 96 € 
Двокреветна соба  100 € 136 € 
Супериор соба 118 € 156 € 
Студио 131 € 182 € 
Апартман 144 € 198 €
Апартман фамили 219 € 275 € 
Возрасен  на дополнително легло во студио или апп 33 € 52 € 
Дете до 3,99год бесплатно бесплатно 
Дете од 4-11.99год на дополнително легло во двокреветна соба 14 € 24€
Дете од 4-11.99год на редовно легло во еднокреветна соба бесплатно 10€
Дете од 4-11.99год на дополнително легло во студио или апартман бесплатно 10€
Дете од  12-15.99год на дополнително легло во соба,студио или апартман 33 € 52 € 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

Сите горенаведени цени важат за сместување по 01.02.2025 година и не важат за
периоди на државни празници:

  • 3 март /28.02-02.03.2025
  • Пролетен распуст /28.03-05.04.2025
  • Велигден /17-20.04.2025 
  • 01 мај /01-06.05.2025 
  • 06 мај /01-06.05.2025
  • 23-25.05.2025 
  • 6септември / 05-07.09.2025 
  • 22 септември /19-21.09.2025
  • Божиќ и Нова Година /20.12.2025-07.01.2026 

Во цената Е вклучено:

  • Цена по соба на ден за 7+ноќевања со појадок/појадок и вечера на шведска маса
  • Користење на сауна, парна бања и фитнес центар
  • Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С
  • Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
  • Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
  • Лежалка и пешкир покрај базените
  • Безжичен интернет во целиот хотел
  • Паркинг
  • Сеф на рецепција
  • Детско катче со аниматор
  • Туристичка такса
  •  Бесплатно откажување до 10дена пред поаѓање,потоа 100% задршка

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Личен трошок на патникот
  • Неспомнати услуги

КАПАЦИТЕТ НА СМЕСТУВАЊЕ:

Сместување: Минимум: Максимум капацитет во соба:
Двокреветна соба (француско легло) 1 возрасен 2 возрасни + 1 дете до 15.99г. + 1 дете до 3.99г
Двокреветна соба (разделени легла) 1 возрасен 2 возрасни + 1 дете до 3.99г
Супериор соба 1 возрасен 3 возрасни + 1 дете до 11.99г. + 1 дете до 3.99г.
Студио 1 возрасен 3 возрасни + 1 дете до 11.99г. + 1 дете до 3.99г.
Апартман Лукс 1 возрасен 3 возрасни + 1 дете до 11.99г. + 1 дете до 3.99г.
Апартман Фемили 1 возрасен 3 возрасни + 1 дете до 15.99г. + 1 дете до 3.99г.

СМЕСТУВАЊЕ:

Интерхотел Сандански нуди сместување во 262 пространи соби, 17 апартмани и 6 студија.
Сите имаат модерна, пространа и пријатна внатрешност.
Големината еднокреветни и двокреветни соби 25м2.

ВО СОБИТE:
кабловска телевизија, безжичен интернет, телефон, минибар (со доплата), бањите се со специјална тоалетна козметика, балкун со поглед на градот, планината, базенот, паркингот или паркот.

DBL – двокреветна лукс
Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебешко креветче

Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99
DBL SUP (двокреветна супериор соба-студио)
Спална со  брачен кревет (без прозор), физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче (4 студиоа вкупно).
Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
STD – студио стандард
Спална со  брачен кревет, физички одделена (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче  (1-4 кат).

Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
APP – апартман лукс
Спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебешко креветче, две купатила(5-7 кат)

Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год.

НАПОМЕНА!
Хотелот не прима домашни миленици

Сместување и напуштање на собите:

  • Сместување во собите по 14:00 ч. (локално време)
  • Напуштање на собите до 12:00 ч. (локално време)

Приговори и поплаки :

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Разгледи во близина на Сандански

  • Рилскиот манастир, еден од најголемите манастири во Бугарија. Изградена во 30-тите години наХ век. Денес Рилскиот манастир е дел од светското наследство на УНЕСКО, со својата автентична атмосфера,бесценети икони и резби, привлекува посетители од целиот свет. Рилски манастирот се наоѓа меѓу миризливи борови шуми на планината Рила, 63 км. од градот Сандански.
  • Мелник–“градот на виното” е најмалиот град во Бугарија со население од само 230 жители. Мелник е место со богато историско наследство, пријавен за културно-историски резерват и градски музеј. Мелник исто така е прочуен по своите висококвалитетни вина. Мелник е оддалечен 20 км. од Сандански.
  • Рожденски манастир, 7 км. од Мелник, е вториот по големина манастир во Бугарија по Рилскиотманастир. Со своите уникатни резби и витраж, тој е вистински ремек-дело на средниот век.Природниот резерват Рупите со својата уникатна природа, фауна и термални извори е на само15 км. од Сандански. Во Рупите можете да ја посетите куќата на најпознатиот бугарски пророк Ванга. Во самата близина по волјата на баба Ванѓа, во 1992 година е изграден храм-споменик “Света Петка Бугарска” – еден од 100-те национални туристички објектот во Бугарија. Рупите е кратер на угаснет вулкан. Постојат остатоци од древниот град Хераклеја Синтика.

Услови за агентот и гостинот:

  1. За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозитуплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
  2. Агентот или гостинот има право да ја откаже или промени резервацијата до 7 денапред пристигнувањето без пенали.
  3. Агентот или гостинот има право да промени име на резервацијата 3 денапред датата на престигнување без пенали. Промена на име и термин помалце од 3 дена пред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ  од резервацијата.
  4. Откажување или промена на резервацијата помалку од 7 денапред датата на пристигнување, агентот или гостинот ја плаќа првата ноќ од резервацијата.
  5. Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
  6. Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 денапред пристигнување е без пенали.
  7. Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 денапред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
  8. Хотелот прифака рекламации во рок од 48 ч. За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан  од страна на гостинот и од овластените во хотелот.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А С-ТРАВЕЛ