Словенија 13.03-16.03.2025
1 ден. Изола-Пиран-Порторож
2 ден. Целодневен разглед на Трст (Италија)
3 ден. Копер – Следење на натпреварот Словенија-Македонија
13.03.2025 (Четврток) Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Куманово-Србија-Хрватска-Словенија Поаѓање во 17:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Словенија, Патот води преку Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно и денско возење со попатни одмори, царински формалности.
14.03.2025 (Петок) Изола-Пиран-Порторож. Пристигнување во Словенија (Изола, блиску до Копер) во пладневните часови. Превземање на собите околу 13:30-14:00 часот. Време за краток одмор. Во договорено време, поаѓање кон дветe најпознати и најпосетени летни дестинации на словенечкото крајбрежје, малите градчиња Пиран и Порторож. (Околу 25-30 мин возење во правец). Разглед на двете места, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
15.03.2025 (Сабота) Факултативна целодневна посета на Трст (Италија). Појадок. По појадокот во договорено време поѓање кон Трст (Италија). Пристигнување во Трст. Целодневната посета на Трст, ја започнуваме со разглед на градот со локален водич, (околу 2 часа). По завршување на разгледот слободно време за индивидуални активности во центарот на градот. Во договорено време, се упатуваме кон шопинг центарот www.montedoroshoppingcenter.it . Слободно време. Во договорено време поаѓање кон хотелот. Вечера. Ноќевање.
16.03.2025 (Недела) Изола-Копер-ден за навивање. Појадок. Во договорено време (околу 10 часот), поаѓање кон Копер. Прошетка низ центарот на Копер. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон спортскиот комплекс Arena Bonifika и следење на ракометниот натпревар Словенија-Македонија со почеток од 18:30 часот. По завршување на натпреварот, поаѓање кон Македонија (околу 20:30 часот). Ноќно возење со попатни паузи и царински и гранични формалности.
17.03.2025 (Понеделник) Македонија. Планирано пристигнување во попладневите часови. Крај на програмата.
Цена на аранжманот :
299 евра (18 538 денари) по лице во двокреветна соба.
За дете до 12 години попуст од 20 евра од цената за возрасен. За трет возрасен во соба попуст од 30 евра од редовната цена. За еднокреветна соба, доплата од 60 евра.
Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.
Во цената Е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус;
– 2 ноќевања со појадок и вечера во хотел 3* во Изола ww.belvedere.si. ;
– Посета на Пиран и Порторож;
– Влезница за натпреварот Словенија-Македонија;
– Придружник од агенција за време на патувањето.
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
– Факултативен излет до Трст (Италија) со локален водич + посета на шопинг центар 20 евра;
– Патничко осигурување;
– Личен трошок на патникот.
Поаѓања од:
Битола 17:00ч (Автобуска Транскоп);
Прилеп 17:40ч (бензиска пумпа Лукоил);
Велес 19:00ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
Скопје 19:50ч (бензиска пумпа Окта, KFC до хотел Континентал);
Куманово 20:30ч (бензинска пумпа Макпетрол).
СЛИКИ:
Oпис на локации:
Пиран и Порторож
По пристигнувањето и краткиот одмор, се упатуваме кон двете најмонденски дестинации и словенечкото крајбрежје, градовите Пиран и Порторож. Пиран и неговиот залив во последната деценија на Балканот беа најпознати по спорот со Хрватска, има богата историја на трговски Град со свое пристаниште.
Како главна дејност покрај трговијата, како и во сите приморски места, застапен бил и риболовот, но и производството на сол. За таа специфична дејност постои и Музеј на солта, кој е во состав на Поморскиот Музеј во Пиран. Најголемото малцинство во Градот го сочинуваат Италијанците чиј јазик е и втор официјален, а главниот плоштад е именуван по Џузепе Тардини, еден од најпознатите виолинисти на почетокот на 18 век, роден во Пиран.
За нас, интересно е и тоа што од 1981 година, општина Пиран е збратимена со Општина Охрид. Порторож или во превод „Пристаниште на розите” е најпосетената летна дестинација во Словенија. Тука се сместени едни од најмодерните и најлуксузни хотели изградени во 70тите и 80тите години од минатиот век, како и бројни продавници од најлуксузните светски брендови. Покрај долгите плажи погодни за уживање, Порторож нуди и одморалишта со термални води. Во близина на градот се наоѓа и малиот интернационален аеродром кој е сместен на само неколку километри од некогашната граница со Хрватска (укината по 01.01.2023 и влезот на Хрватска во Шенген зоната). Од 1912 до 1953 година, со Пиран градот бил поврзан и со трамвајска линија. Денес, Порторож е седиште на неколку факултети, а интересен е и фактот дека Градот е познат и како најголемиот тениски центар во Словенија, а од 2005-2010 бил домаќин на престижен ВТА Турнир.
Трст / Trieste
Прошетка и шопинг во некогаш најпривлечниот италијански град за жителите на Југославија. Кога ќе се спомене Трст во било кој дел од некогашната држава, Градот е асоцијација на некогашните патувања по кафе, фармерки и останата убава и модерна гардероба во периодот на 70тите и 80тите години. Трст се наоѓа на крајниот северо-исток на Италија, поморски Град со свое пристаниште и околу 200.000 жители. По завршувањето на првата светска војна, Трст за прв пат се најде под Италија, а по втората светска војна бил дел од слободната зона поделена помеѓу сојузниците. Неколку децении подоцна, по политичкиот договор помеѓу Италија и Југославија, Трст повторно и припаднал на Италија, но останале големи заеници на словенечкото население. Тие и денес имаат свои друштва и организации кои ги негуваат своите национални обичаи, празници, се изучува мајчиниот јазик итн. Во последните две децении, физиономијата на центарот е променета (пред се во однос на
малите продавници за текстил и обувки), но од друга страна изградени се големи шопинг центри на самата периферија. Она кое и денес е популарно и се разбира треба да се искуси се одличната пица, вкусниот сладолед и перфектното капучино. Заедно со локалниот водич ќе ги посетиме и најзначајните локации и објекти, меѓу кои и главната православна црква во центарот на Градот, близу надалеку познатиот Понте Росо, плоштадот „Piazza Unita”, светилнокот на победата итн. Како главно транспортно средство во Градот сеуште се користи трамвојот кој има препознатлив и уникатен изглед кој датира од средината на минатиот век.
Копер
Посета на најубавите приморски градови во Словенија, вклучувајќи го и најголемото пристаниште на овој дел од Европа – Копер. Копер или на италијански “Capodistria” (центарот на Истра) е еден од најубавите градови во Словенија, со богата историја и култура, Универзитетски центар во кој се населуваат се повеќе македонски студенти, но и семејства. Копер има многу специфичен и одлично зачуван стар Град, кој изобилува со тесни улички во типичен медитерански стил, а најголемиот плоштад на врвот од стариот Град е посветен на Јосип Броз Тито. Во последната деценија, кејот кој води од пристаништето до најпознатата градска плажа „Жустерна” е целосно обновен и е магнет за љубителите долгите прошетки, на рекреативното возење велосипед и трчање покрај море. Во текот на сезоната мај–септември, двете градски плажи се посетени не само од локалните жители, туку и од бројните туристи од регионот и соседството. Копер е на само 20тина минути возење до Трст, еден од најразвиените индустриски центри во Северна Италија, па оттука и најголемиот број на посетители во текот на денот се од овој италијански град. Копер е дом на една од најубавите и најмодерни арени во Словенија, изградена во близина на Градскиот стадион и центарот на Градот.
Напомена:
*За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот.
*Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
*Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето или да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
*Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно означено. -Сместување по 14:00ч (локално време)
-Напуштање до 11:00ч (локално време).
*За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници.
*Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
*При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот – аванс.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.