8ми Март во ДУБРОВНИК
1Ден. 06.03.2025 ( БИТОЛА-ПРИЛЕП-ВЕЛЕС-СКОПЈЕ– ОСТРОГ)
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 21.00 часот. Се патува кон Прилеп, Велес, Скопје преку граничниот премин Блаце. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Косово се до Будва. Патување со попатни одмори.
07.03.20252 Ден 07.03.2025 ( ОСТРОГ – БУДВА – ДУБРОВНИК )
Пристигнување кај Манастирот Острог во утринските часови. Поклонение на моштите на Св. Василије Острошки. Слободно време за молитва. Заминување кон Будва. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. ПрошЕтка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе Ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 Ден 08.03.2025 ( ДУБРОВНИК – МЕЃУГОРЈЕ – МОСТАР )
Појадок. После појадокот заминување кон Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божја. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Ноќевање
4 Ден. 09.03.2024 (ДУБРОВНИК – КОТОР – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП – БИТОЛА)
Појадок.После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско култуно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Албанија, Косово се до Скопје преку граничниот премин Блаце. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 €
Редовна цена 179 €
Во цената на аранжманот Е вклучено:
Автобуски превоз на дадената релација по програмата
Сместување во хотел со 4 **** на база 2 полупансиони појадок / вечера (шведски стол)
Организирани разгледи по програмата на Острошки Манастир, Будва, Котор и Дубровник
Организација и водство на патувањето
Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата
Организиран трансфер од повеќе градови
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Влезници за посета на културно – историските споменици
Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар ( 35 € )
Туристичка такса и регистрација ( се плаќа во автобус)
Останати факултативни посети по програмата
Патувачко осигурување 200,оо денари
Превоз до Острошки Манастир 1 еур во правец
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
НАПОМЕНА:
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
- Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.