Хотел Климетица 3* – Охрид
ОПИС:
Хотел Климетица Ви нуди незаборавни мигови поминати во природен амбиент. Сместен во густа борова шума, во непосредна близина на Охридското Езеро, на само 4км. оддалеченост од градот Охрид во туристичката населба Св. Стефан, Климетица е идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и пештерската црква Св. Стефан која е раритетен споменик на културата. Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од градската бучава, микс на чист планински воздух и езерска убавина ќе направи да се почувствувате свежи и исполнети со енергија. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хотелот, даваат впечаток на префинетост. Овде љубезниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде. Хотелот располага со 41 луксузно опремени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апатрмани. Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна телефонска линија, 24 часа бесплатна интернет конекција (wireless покриеност), клима уред. Располагаме со пространо лоби опремено со бар, телевизија, и WIFI конекција. Лобито Ви овозможува уживање во прекрасен поглед кон Охридското Езеро. Фонтана градина која ќе го привлече Вашето внимание да го испиете Вашето утринско кафе. За време на вашиот престој уживајте во вкусот и разновидноста на националната, интернационалната и вегетеријанската храна која се послужува во ресторанот. Ресторанот е со капацитет од 300 седишта и летна тераса од 100 седишта.
ЦЕНОВНИК 2025:
Хотел Климетица 3* |
ВВ | НВ |
Еднокреветна | 45€ | 54€ |
Двокреветна | 30€ | 36€ |
Трокреветна | 30€ | 36€ |
Цените се по лице на ден во двокреветна соба!!!
Цената вклучува:
- Ноќевање со појадок или појадок и вечера по лице на ден
- Паркинг
- Интернет и ТВ
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплата и попусти:
- За сместување во еднокреветна +50% доплата.
- Деца до 5 години – гратис.
- Деца од 6-12 години плаќаат 50% од цената.
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.