ИСТАНБУЛ
АВИОНСКА ПРОГРАМА
05.12.2025 – 08.12.2025
Град кој никогаш не спие, исполнет со арома на зачини, со звукот на живите пазари и прекрасната архитектура.
Истанбул – единствениот град метропола кој спојува два континента, два света, град кој во себе ја носи реалноста и фантазијата, град на материјалното но и духовното спојување на минатото и сегашноста. Градот претставува дом на многу култури, центар на империи низ вековите наназад, поради што во него се наоѓаат бројни историски знаменитости: џамии, цркви, синагоги, дворци и кули. Наполеон Бонапарта рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
Програма:
05.12.2025 – петок
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување во 10:50 часот, слетување во Истанбул во 14:15 часот (локално време). Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич на англиски јазик (попатно до хотел). Попатно ќе се направи кратко запирање кај Моминската кула (Kız Kulesi) – еден од најпознатите симболи на Истанбул, сместен на мал остров во Мраморното Море, спроти Ускудар. Кратка пауза за прошетка и фотографирање со прекрасен поглед кон кулата и градот. Сместување во хотел Бристол 3+* во Бејоглу.
Вечерта, гратис пешачка тура до Галата кула и Каракој.
Галата кула е некогашен затвор во модерната област Бејоглу, кој денес е еден од најпопуларните туристички атракции.
Околината на Галата Кула е како мал свет за себе – тесни калдрмисани улички што се издигнуваат нагоре, мали дуќанчиња со занаетчии, продавници со накит, книги и мирис на свежо турско кафе што те следи на секој чекор. Тука секој агол има своја приказна, стари фасади со шарени врати, уметнички графити и топол пулс на локалните жители. По прошетката, нема подобар начин да се заокружи денот со едно парче San Sebastian чизкејк, десерт кој ја освои Турција и светот со својот мек, кремаст вкус.
Каракој е едно од оние места во Истанбул каде што минатото и модерниот дух се спојуваат совршено. Некогаш старо пристаниште, а денес – вистински рај за љубителите на кафе, улична уметност и вкусна храна. Улиците се полни со шармантни кафулиња, мали пекари, уметнички галерии и скриени дворови кои раскажуваат приказни.
Ако сакаш да го почувствуваш вистинскиот пулс на Истанбул, тогаш Каракој е местото каде што треба да седнеш, да земеш едно турско кафе и да го гледаш животот како тече пред тебе. Ноќевање.
06.12.2025 – сабота
Појадок во хотел. Факултативна посета на Долмабахче Палата, Ортакој, Таксим и улицата Истиклал.
Ќе започнеме со разглед на величествената Долмабахче палата – последната резиденција на османлиските султани и симбол на богатството и префинетоста на османлиската епоха. Палатата со своите раскошни салони, кристални лустери, мермерни скали и уредени градини нуди поглед кон животот на султаните и историјата на една од најмоќните империи на светот. Потоа продолжуваме кон живописниот кварт Ортакој, сместен на самиот брег на Босфор. Овој дел од Истанбул е познат по шармантните кафулиња, уметничките продавници и прекрасниот поглед кон мостот Босфор. Тука ќе имате време за кратка прошетка, за фотографирање со неверојатната панорама на Босфор, и, секако, за дегустација на познатиот компир (kumpir – печен компир со додатоци).
Турата продолжува кон плоштадот Таксим, срцето на современиот Истанбул. Плоштадот е место каде што се преплетуваат минатото и сегашноста, а неговата динамична атмосфера и важноста во историјата на градот го прават задолжителна дестинација за секој посетител. Од Таксим, продолжуваме со пешачка тура низ прочуената улица Истиклал, една од најпознатите и најоживени улици во Истанбул. Истиклал е полна со продавници, кафулиња, галерии, книжарници и уметнички студија, а нејзината колоритна атмосфера, музика и постојан живот ја прават вистински магично место за прошетка и уживање. Оваа тура е совршена комбинација на историја, култура, гастрономија и урбан живот, нудејќи ви искуство кое ќе го паметите долго време. Враќање во хотел. Факултативно – можност за крстарење по Босфор. Ноќевање.
07.12.2025 – недела
Појадок во хотел. Факултативна посета Базилика цистерна, Аја Софија, Султанахмет, Топкапи и Капали Чаршија.
Ќе ја започнеме турата со посета на мистичната Базилика цистерна, едно од најинтересните подземни византиски пронајдоци во Истанбул. Оваа огромна цистерна со високи столбови, пригушена светлина и мистична атмосфера ја задржува магијата на минатото и ќе ве потопи во временскиот слој на византиската империја.
Потоа ќе се упатиме кон величествената Аја Софија, некогаш христијанска црква, потоа џамија, а денес музеј и симбол на синтеза на култури и религии. Ќе се восхитувате на грандиозниот ентериер со импресивни мозаици, куполи и историски детали кои го прават ова место едно од најзначајните архитектонски чуда на светот.
Следната станица е Сината џамија (Султанахмет), еден од најубавите примери на османлиската архитектура. Нејзините импресивни минариња, небесносината внатрешност и софистицираниот дизајн на плочки создаваат чувство на мир и величественост.
Продолжуваме кон Топкапи палатата, поранешната резиденција на султаните и срцето на османлиската империја. Ќе ги откриете раскошните сали, богатите збирки на накит и реликвии, како и прекрасните градини со поглед кон Босфор.
Турата ќе ја завршиме со автентично искуство во легендарната Капали Чаршија, најголемиот покриен базар во светот. Слободно време за да се прошетате помеѓу шарените дуќани, мирисот на зачини, вкусот на локалните деликатеси и рачно изработени сувенири. Враќање во хотел.
Во вечерните часови гратис пешачка тура – Галата порт. Ноќевање.
08.12.2025 – понеделник
После појадок во хотелот, одјавување и слободно време за прошетка и шопинг на прочуената улица Истиклал.
Трансфер до аеродром во 12:15 часот. Полетување за Скопје во 16:15 часот, слетување во Скопје во 15:45 часот локално време.
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.10.2025
369 ЕВРА (22,880 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
399 ЕВРА (24,740 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Pegasus Airlines со вклучен кабински багаж – 8 кг. и чекиран багаж од 20 кг.
05/12/2025 | PC352 | Skopje – Istanbul | 10:50 14:15 | ||
08/12/2025 | PC353 | Istanbul – Skopje | 16:15 15:45 |
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Сместување во хотел Бристол 3+* на база 3 ноќевања со појадок
- Туристичка такса во хотел
- Панорамски автобуски разглед на Истанбул со локален водич (попатно кон хотел)
- Посета на Ускудар, Таксим, Истиклал, Ортакој, Каракој, Галата кула Долмабахче палата (без влезница), Топкапи палата (без влезница) Аја Софија (без влезница), Базилика Цистерна (без влезница), Султанахмет, Капали Чаршија
- Локален водич на англиски јазик
- Организиција на аранжманот и придружник од агенција за време на целото патување
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезница Долмабахче Палата – 50 евра
- Влезница Аја Софија – 35 евра
- Влезница Базилика цистерна – 40 евра
- Влезница за Топкапи палата со слушалки – 60 евра
- Ноќно крстарење по Босфор со трансфер, водич, вечера со вклучени алкохолни пијалоци – 60 евра
- Доплата за еднокреветна соба – 90 евра
- Патничко-здравствено осигурување (задолжително, информации во агенција)
Напомена:
- За реализација на програмата потребни се минимум 20 лица
- За реализација на сите факултативи со наведените цени потребни се минимум 20 лица – цените на факултативите се подложни на промени согласно бројот на пријавени патници.
- Постои можност за организација на дополнителни индивидуални факулативи – инфо за цени во агенција.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
- Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и саатници
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.