You are currently viewing ТУМАНЕ 29.03-31.03.2025

ТУМАНЕ 

Доживејте го спокојството на манастирот Тумане и убавината на Сребреното езеро на мирна екскурзија! Истражете ги духовните места, уживајте во прекрасната природа и опуштете се покрај мирното езеро.

ПРОГРАМА:

1.ДЕН 29.03.2025
Се поаѓа во 23:00 часот од Битола. Попатно собирање на патници од Прилеп, Росоман, Велес, Скопје и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Влез во Србија преку граничен премин Табановце.

2.ДЕН 30.03.2025
Пристигнување во раните утрински часови во Тумане. Манастирот е изграден во 14 век од страна на Милош Обилиќ. Во манастирот се чуваат моштите на Св. Зосим и Св.Јаков  како и дел од моштите на Св. Нектариј Егински. Манастирот во 17 век од страна на руски монаси ја добива чудотворната икона на Св.Богородица. Посета и до испосницата на Свети Зосим која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Испосницата е во карпа каде има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител, а покрај пештерата има чудотворен извор.

3.ДЕН 31.03.2025
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Ниш. Разглед на центарот на Ниш. Слободно време за шопинг, кафе и ручек. Во пладневните часови се поаѓа за Македонија. Попатни паузи и царински формалности . Пристигнување во вечерните часови.

Во цената е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во Спа Сребрено езеро
  • Посета на Ниш
  • Пратител на групата за време на целото патување

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  4,700 мкд

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување (информација во агенција)
  • Туристичка такса 2 евра по лице – задолжително се плаќа во автобус
  • Користење на Спа ценатрот ( 6 евра)

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

   Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ