You are currently viewing Вила „Стела“ – дуплекс, Неа Флогита 2025 -САБОТА

„СТЕЛА“ – дуплекс, Неа Флогита 2025

ОПИС:

Вила СТЕЛА е лоцирана во близина на игралиштето на Неа Флогита 50 метри од плажа, со поглед на море. 
1 /5 Дуплекс на приземје – Располага со 2 Спални соби и дневен престој. Во едната спална има брачен кревет и нема природна светлина (прозор)  и втора спална соба со два единечни кревети. Во дневна соба има единечен  кревет и  во истата просторија е со кујна – опремена со голем фрижидер и решо. Климата и ТВ се во дневната просторија.
Користење на клима уредот е вклучено во цената.
Туристичката такса се плаќа во агенцијата –  4€ од ноќ.

ВАЖНA НАПОМЕНА:  За хигиената на студиата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.

GPS координати : 40.25702, 23.22285

ЦЕНОВНИК:

За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември
За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември
Уплата 50% веднаш и 50% – 14 дена пред поаѓање

Цените се за наем на дуплекс

Термини Бр. ноќевања 1/5 дуплекс
24.05.2025 7 170 промо
31.05.2025 7 250
07.06.2025 7 350
14.06.2025 7 450
21.06.2025 7 550
28.06.2025 7 600
05.07.2025 7 700
12.07.2025 7 750
19.07.2024 7 750
26.07.2025 7 780
02.08.2025 7 780
09.08.2025 7 750
16.08.2025 7 750
23.08.2025 7 600
30.08.2025 7 550
06.09.2025 7 460
13.09.2025 7 350
20.09.2025 7 200

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари                          
За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 7% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.

Во ценате НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Паркинг
  • Туристичка такса 4,00 € на ден за соба (се плаќа во агенцијата)

ПРЕВОЗ:

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра)
  • За деца до 12 години 2170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

Превоз од Скопје, попатно од Велес (костурница или мотел Македонија), Неготино на бензинска Мак Петрол и граничен премин Богородица. Можност за превоз од Битола преку граничен премин Меџитлија. 

СЛИКИ:

УСЛОВИ ПОД КОИ ВАЖИ АРАНЖМАНОТ:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А С-ТРАВЕЛ