You are currently viewing ВЕЛИГДЕН ВО ЗАГРЕБ – РИЈЕКА – ОПАТИЈА – ОСТРОВ КРК – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

ВЕЛИГДЕН ВО ЗАГРЕБ – РИЈЕКА – ОПАТИЈА – ОСТРОВ КРК – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

Хрватска – главна туристичка дестинација во Европа! Овој Велигден ве носиме во посета на Загреб, Ријека, Опатија и златниот остров Крк..

1 ден: Македонија – Загреб (17.04.2025) Состанок на групата пред спортска сала во 17:30 часот. Заминување во 17:30 часот од Битола, попатнo застанување во Прилеп (бензиска Лук Оил), Велес (бензиска Макпетрол-автопат), Скопје (паркинг пред хотел Континентал), Куманово (бензиска Макпетрол-автопат) доколку има патници. Попатни одмори и царински формалности преку граничен премин Табановце.

2 ден: Загреб (18.04.2025) Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Сместување во хотел. Следува панорамско разгледување на градот со локален водич, културно-историските знаменитости, главната железничка станица, плоштадот на кралот Томислав, зградата на хрватскиот народен театар, уметничката галерија, плоштадот Св. Марко каде се наоѓа истоимената црква, зградата на Владата и Парламентот, кулата Лотршчак итн…Слободно време. Ноќевање.

3 ден: Загреб-Ријека-Опатија-Остров КРК (19.04.2025) Појадок.По појадокот во договор со водичот поаѓање према Крк, Ријека и Опатија. Крк е најголемиот остров во Хрватска, сместен во Кварнерскиот залив на Јадранското море, познат е и како Златен Остров уште од антиката, поради географската позиција, богатата вегетација и културното наследство, кое претставува колепка на хрватската култура. Крк е единствениот остров на Јадранот кој е поврзан со копно, што го прави најпристапен за посетителите. По разгледот се упатуваме према Ријека е град со идеална географска положба, во Риечкиот залив, дел од поголемиот Кварнерски залив на Јадранското Море. Град во кој низ историјата, архитектите од минатото и на австро-унгарскиот архитектонски стил, оставиле печат, за постепено градот да се претвори во удобен средновековен европски град, со космополитски мирис и вкус. Духот на минатото испреплетен со современите вредности Ве оставаат без здив во секое време од годината. Следува разглед и слободно време за прошетки. По разгледите се поаѓа за Опатија кое е едно од местата со најдолга традиција на туризам во цела Европа. Опатија е град во кој можете целосно да се опуштите и да се поврзете со природата, но и да јадете нешто посебно добро бидејќи гастрономијата во Опатија има добра репутација. Слободно време за прошетки. Потоа се враќаме во Загреб. Ноќевање.

4 ден: Загреб – Плитвички езера (20.04.2025) Појадок. По појадокот заминуваме за Плитвички езера. Плитвички Езера е првиот национален парк во Хрватска основан во 1949 година и се наоѓа меѓу најголемите 8 во целата држава. Тој изобилува со неверојатна природна убавина и пејзажи кои одземаат здив. 16-те езера кои се формирани од природни брани се поделени во горни и долни езера, додека пак патеките за туристите се наоѓаат на надморска височина помеѓу 503 и 636 метри. Денес се смета за една од најголемите туристички атракции во оваа држава. По разгледите поаѓање према Македонија, попатно се собираат патниците од Загреб доколку не доаѓаат на Факултатива. Попатни паузи и царински формалности до Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 21.04.2025.

Редовна цена на аранжманот:199 EU

Промо цена за резервации до 31.03.2025 – 179 EU

Во цената е вклучено:

· Сместување во хотел 3*/4* во Загреб / 2 ноќевања со појадок

· Превоз на дадената релација (Битола,Прилеп,Росоман,Велес,Скопје,Куманово)

· Tуристички придружник за време на целото патување

· Разглед на Загреб со локален водич

Во цената не е вклучено:

· Патничко осигурување задолжително (Информации во агенција)

· Туристичка такса 3 евра по ден по лице која се плаќа задолжително во автобус

· Факултатива Ријека – Опатија – КРК – 70 еу со локален водич

· Факултатива Плитвички езера – 50 еу со вклучена влезница

Важно:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. За реализација на факултативните излети е потребен минимум од 20 патници.

· Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

· За патувањето потребно е да се приложи валиден пасош, да не биде 3 месеци пред истек.

· Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

· НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.

Сатниците на поаѓање се дефинираат два дена пред започнување на аранжманот, при што секој патник што има направено резервација телефонски ќе биде известен за поаѓањето од страна на Агенцијата.

 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ