You are currently viewing Вила АПОЛОНИА – Нова Врасна 2026

             Вила АПОЛОНИА – НОВА  ВРАСНА  

ОПИС:

Вилата се наоѓа на 150м од плажата во централниот дел. Пред самата вила се наоѓа градскиот парк. Вилата располага со 13 студија 1/3 и две студија 1/2 кои се на спрат. Студијата се на приземје и спрат и се опремени со кујна, купатило, балкон, АС (не е вклучена во цената), ТV  и Wi – Fi . Дуплексот е комбиниран од две 1/3 соби кои се одделени со ходник, од кои едната соба нема тераса, но затоа има клима која е вклучена во цената, а исто така, се користи терасата од другата соба. Дуплексот располага со две кујни и две купатила. Вилата на приземје има пинг-понг маса и две дополнителни санитарни простории наменети за сите гости при реализирање на смените.

Сместувањето во студијата е во 14:00 часот по локално време, а напуштање на студијата во 10:00 часот по локално време

 ЦЕНОВНИК:

10 % попуст за рана уплата до 01/03/2026 (попустот не важи за термините со *)

Период   ЈУНИ     ЈУЛИ     АВГУСТ   СЕПТ
06 13 20 27 04 11 18 25 01 08 15 22 29 05
Ноќевања 7* 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7* 7*
1/2  129 269 299 319 339 339 359 359 359 359 339 319 159 139
1/3 139 289 319 349 369 379 399 399 399 399 369 349 169 149
1/3+1/3 129 439 469 499 549 569 599 599 599 599 549 499 159 139

Цените се изразени во ЕУР за уплата во денарска противвредност (1 Еур = 62,00 мкд).

Термините обележани со * се однесуваат за пакет аранжмани по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз, а без * се однeсуваат за наем на студио за 7 ноќи (превозот не е вклучен). 

 УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:

  • Уплата 50% од износот на аранжманот;
  • Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
  • Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

НАПОМЕНИ:

Во студијата дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен
За пакет аранжман во Студио 1/2 и 1/3 плаќаат минимум 2 лица, а во 1/3 трето лице се сместува бесплатно, плаќа само превоз   
За уплата на два последователни аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 5% попуст на вториот аранжман на редовните цени Доплата за клима 5 евра од ден (се наплаќа во агенција)

Задолжително патничко осигурување: 260 денари (индивидуално) за лица над 65 години + 100%  
Туристичка такса 2 евра од ден се наплаќа во агенцијата
Цена само за автобуски повратен билет 50 евра, а за деца од 02-12 години 40 евра

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:

  •  Oд Скопје во 05:00 ч. (пред хотел Континентал)   
  •  Oд Куманово во 04:15 ч. (Макпетрол, автопат)
  •  Од Кочани во 04:15 ч. (паркинг пред Судот)
  •  Од Штип во 04:45 ч. (бензинска пумпа Лукоил на влез)
  •  Од Велес во 05:45 ч. (бензинска пумпа – мотел Македонија)
  •  Поаѓање од Нова Врасна во 14:00 ч. (локално време) 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ