You are currently viewing Вила Бушати – Ксамил, Албанија 2021

Вила Бушати – Ксамил, Албанија

ОПИС:

Локација: Вила Бушати се наоѓа во Ксамил. Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење…

Соби: Вилата Бушати е реновирана пред две години.  Има трокреветни соби, трокреветни со помошен лежај(фотелја на отворање),  и студиа со 4 кревети.  Студијата се опремени со кујна, клима, фрижидер, СМАРТ ТВ (можат да се поврзат со wi-fi од вилата). Дел од студијата се со поглед кон море. Има WI-FI со рутер на секој спрат. Вилата поседува и сопствен агрегат во случај да дојде до прекин на ел. енергија.

ДУПЛЕКСОТ се наоѓа во стамбена зграда, чија надворешност не е атрактивна. Внатрешноста на апартманот е комплетно реновирана и поседува една дневна соба со два дупли каучи на пуштање (4 деца макс) и плус две спални соби една со француски една со одвоени кревети (кои по потреба се спојуваат) – опремен за ДВЕ ФАМИЛИИ. Опремен е со кујна, клима, фрижидер, ТВ, WI-FI. Се наоѓа на 60 метри од плажа.

Содржини: Во дворот на вилата има и скара, која можат клиентите да ја користат за своите потреби. Во вилата има паркинг кој е на располагање на клиентите. 

Плажа: На 50 метри од вилата се наоѓа плажата.

Координати: 39.766595, 19.998031

ЦЕНОВНИК:

Вила Бушати – Ксамил
Период Ноќевања 1/2 (студио за 2 лица) 1/3 (студио за 3 лица) 1/4 (студио за 4 лица) 2/6 (дуплекс за 6 лица) Промо цени на кои не следува попуст
04.06 – 11.06.2021 7 88 99 114 149 промо
11.06 – 18.06.2021 7 174 186 197 239  
18.06 – 25.06.2021 7 197 209 232 269  
25.06 – 02.07.2021 7 220 232 244 299  
02.07 – 09.07.2021 7 267 279 302 345  
09.07 – 16.07.2021 7 314 325 349 399  
16.07 – 23.07.2021 7 314 325 349 399  
23.07 – 30.07.2021 7 314 325 349 399  
30.07 – 06.08.2021 7 314 325 349 399  
06.08 – 13.08.2021 7 314 325 349 399  
13.08 – 20.08.2021 7 314 325 349 399  
20.08 – 27.08.2021 7 299 314 337 379  
27.08 – 03.09.2021 7 267 279 299 345  
03.09 – 10.09.2021 7 174 186 209 235  
10.09 – 17.09.2021 7 151 162 174 185  
17.09 – 24.09.2021 7 109 126 139 149 промо
  • Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања!!!

Цената вклучува:

  • 7 ноќевања
  • Користење клима уред,
  • Користење безжичен интернет

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Дете на дополнително легло 0-7 год. (не користи легло)  – БЕСПЛАТНО

Превоз:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Албанија:
Скопје (Дрводекор)/ Штип (паркинг пред пошта) / Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) 
Скопје-Саранда – 50€
Скопје-Ксамил- 50 €
Доплата за Трансфер од Штип +10 €
Деца од 2-11,99год: -40 €

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Албанија:
Битола (Автобуска станица Транскоп на перон) / Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) 
Битола-Саранда – 50€
Битола-Ксамил- 50 €
Доплата за Трансфер од Кичево + 10 €
Деца од 2-11,99год: -40 €

  • Време на поаѓање за АЛБАНИЈА :

00:00 h Скопје (Дрводекор) – Трансфер
00:45h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – Трансфер
00:00h Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер
01:30h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) – Трансфер
02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер
03:00 h Битола (Автобуска станица Транскоп – на перон)
03.30h Ресен (спроти автобуска станица)–Трансфер
04:00h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер
04.15h Струга (Хотел Дрим) –Трансфер
01:45h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ