You are currently viewing Хотел Rozafa Blu 4* – Шенѓин, Албанија 2026

Хотел Rozafa Blu 4* – Шенѓин, Албанија 

Шенќин е мало, но сѐ попопуларно туристичко место сместено на северозападниот брег на Албанија, покрај Јадранското Море. Овој крајбрежен град припаѓа на општината Лежа и претставува едно од најпосетуваните летувалишта во земјата. Познат по своите долги песочни плажи, чистото море и пријатната медитеранска клима, Шенќин привлекува туристи како од регионот, така и од пошироко.
Во последните години, местото доживува брз развој во туризмот, со изградба на нови хотели, ресторани и забавни содржини. И покрај модернизацијата, Шенќин сѐ уште го задржува својот опуштен и гостопримлив дух, што го прави идеално место за одмор и релаксација. Благодарение на својата природна убавина и поволните цени, тој станува сѐ попривлечна дестинација за летен одмор.

Hotel Rozafa Blue е хотел со 4 ѕвезди сместен во туристичкото место Шенќин, во близина на плажа и морскиот брег, на 150м од најблиската плажа. Хотелот располага со околу 40 соби опремени со модерни удобности како клима, телевизор, мини-бар и бесплатен Wi-Fi.
Гостите имаат на располагање ресторан, бар, тераса и градина, како и 24-часовна рецепција и бесплатен паркинг. Локацијата е погодна за одмор, бидејќи се наоѓа во близина на плажите Куне и други туристички атракции.
Хотелот се истакнува со долгогодишна традиција и гостопримлив персонал, нудејќи пријатен престој за туристите кои ја посетуваат албанската ривиера.

Двокреветна соба- 9 соби
Семејна соба – 6 соби (две соби за 4 лица)
Трокреветна соба – 12 соби
Делукс семејна соба – 6 соби (две соби за 5 лица)
Суит – 4 соби

Ценовник – Цена по соба

                                                         Април-Октомври                 Ноември-Март
ЕДНОКРЕВЕТЕНА                            75 евра                                 65 евра
ДВОКРЕВЕТНА                                 90 евра                                 80 евра
ТРОКРЕВЕТНА                                130 евра                                100 евра
СЕМЕЕН АПАРТМАН                   155/185 евра                        115/140 евра
СУИТ                                                130 евра                                  100 евра

Вклучено во цената:

  • ноќевање со појадок на шведска маса
  • паркинг
  • интернет
  • деца до 2 години – бесплатен престој

Цената не вклучува:

  • вечера – 12еур по лице
  • туристичка такса 
  • индивидуални трошоци
  • превоз

Слики

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А С-ТРАВЕЛ