ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД за 24.05.2026
ХОТЕЛ РОЗАФА БЛУ 4*
Shëngjin (Шенѓин) е мало туристичко место на северниот брег на Albania, на Јадранското Море. Последниве години стана многу популарно меѓу туристи од Македонија и регионот.
Опис на хотел
Тука можете да уживате во готвење од различни видови и разновидни пијалоци и традиционална храна приготвени со професионализам и љубезност. Со 45-годишно искуство и традиција, ви нудиме висококвалитетна услуга преку нашиот професионален и гостопримлив персонал. Персоналот е пријателски расположен и среќен да помогне, со познавање на англиски, италијански и француски јазик. Има бесплатен и силен Wi-Fi сигнал за сите наши гости низ целиот објект.
- Се наоѓа во Шенѓин (Shëngjin), едно од најпознатите летувалишта во Albania
- Близу е до плажа – често на неколку минути пеш
- Модерни соби и апартмани (често со поглед кон море)
- Ресторан и бар во рамки на хотелот
- Бесплатен Wi-Fi и паркинг
Програма:
ПРВ ДЕН – 23.05.2026 – Сабота Поаѓање во 06 часот од Битола. Организиран трансфер од други градови (точна сатница на поаѓање се утврдува два дена пред поаѓањето).
Патувањето е преку граничен премин Чафасан со царински формалности и попатни паузи.
Пристигнување во Шенгин во попладневите часови. Сместување. Слободно време за уживање на плажа и прошетки покрај море. Вечера. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 24.05.2026 – Недела. Појадок. Слободно време за слободни активности. Вечера.
ТРЕТ ДЕН – 25.05.2026 – Понеделник
Појадок. Одјавување од собите. Слободно време до 12 часот. Поаѓање према TEG ( TIRANA EAST GATE MALL). Поаѓање према Македонија со царински формалности и попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.
ИНФОРМАЦИИ:
- Се наоѓа близу градот Lezhë. Има долга песочна плажа (реткост за Албанија)
- Песок (не камења) – погоден за деца
- Плитко море – безбедно за капење
- Долга шеталиште покрај плажа
150 евра (по лице во 1/2 соба)
145 евра (по лице во 1/3 соба)
Во цената е вклучено:
- 2 ноќевања на база појадок и вечера – шведски стол
- автобуски превоз на наведената релација
- Бесплатен Wi-Fi и паркинг
- Органозација и водство на патувањето
Во цената не е вклучено:
- патничко осигурување ( информации во агенција)
- туристичка такса (на лице место плаќање)
- доплата за Трансфер од други градови 15 еу
Напомена:
- За деца до 3 години бесплатно.
- За деца до 8 години – 70 % попуст
- ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ СЕ ОДЗЕМА 10 ЕВРА ПО ЛИЦЕ !!!
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот.Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.