ПОЛИХРОНО – ВИЛА АЛЕКС ЛУКС
ОПИС:
Вилата Алекс Лукс е ново изградена вила во 2022 год, се наоѓа во Полихроно, на 30м одалеченост од плажа и во својот капацитет нуди едноспални апартмани за 4 лица или за 6 лица.
Апартманите се целосно опремени со кујнски прибор за готвење, маса и столчиња на тераса за седење и ТВ. Апартманите за 6 лица се лоцирани сите на приземје, а апартманите за 4 лица се на прв или втор спрат.Клима и wi-fi се вклучени во цената. Вилата располага со паркинг за определен број на коли и расположливост.
Четворокреветните апартмани се состојат од 2 простории (спална соба со дупло легло + дневен престој каде е и кујната со софа на отварање за 2 лица) и се лоцирани на прв или втор спрат
Апартманите за 5+1 лица се состојат од 2 простории (спална соба со дупло легло и креветчиња на спрат + дневен престој каде е и кујната со софа на отварање за 2 лица) и сите се лоцирани на приземје
Распоред и типови на апартмани:
- Апартмани за 4 лица (четворокреветни)
- Лоцирани на прв спрат (бр. 5, 6, 7, 8) или втор спрат (бр.9, 10, 11, 12)
- Се состојат од две простории:
- Спална со двоен кревет
- Дневен престој со кујна и софа на отворање за 2 лица (150см)
- Апартмани за 6 лица (5+1)
- Лоцирани на приземје (бр.1, 2, 3, 4)
- Се состојат од две простории:
- Спална со двоен кревет и креветчиња на спрат
- Дневен престој со кујна и софа на отворање за 2 лица (150см)
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2025, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.01.2026
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2026, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.03.2026
-5% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.03.2026, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.04.2026
ЦЕНОВНИК:
| ВИЛА АЛЕКС ЛУКС – ПОЛИХРОНО | ||||
| ЦЕНА ПО СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА / НЕДЕЛА НА НЕДЕЛА | ||||
| Термини | Ноќ. | 1/4 Апартман | 1/4+2 Апартман | Коментар |
| 17.05-24.05.2026 | 7 | 209 | 279 | Промо цена |
| 24.05-31.05.2026 | 7 | 239 | 299 | Промо цена |
| 31.05-07.06.2026 | 7 | 409 | 469 | |
| 07.06-14.06.2026 | 7 | 569 | 619 | |
| 14.06-21.06.2026 | 7 | 659 | 719 | |
| 24.06-28.06.2026 | 7 | 769 | 819 | |
| 28.06-05.07.2026 | 7 | 859 | 909 | |
| 05.07-12.07.2026 | 7 | 879 | 929 | |
| 12.07-19.07.2026 | 7 | 929 | 979 | |
| 19.07-26.07.2026 | 7 | 929 | 979 | |
| 26.07-02.08.2026 | 7 | 929 | 979 | |
| 02.08-09.08.2026 | 7 | 929 | 979 | |
| 09.08-16.08.2026 | 7 | 929 | 979 | |
| 16.08-23.08.2026 | 7 | 899 | 949 | |
| 23.08-30.08.2026 | 7 | 859 | 909 | |
| 30.08-06.09.2026 | 7 | 779 | 829 | |
| 06.09-13.09.2026 | 7 | 669 | 719 | |
| 13.09-20.09.2026 | 7 | 439 | 489 | Промо цена |
| 20.09-27.09.2026 | 7 | 329 | 389 | Промо цена |
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Промо термини
- Првите два и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Во цената е вклучено:
- наем на студио за 7 ноќи
- Кујнски прибор за готвење
- Маса и столчиња на тераса за седење
- ТВ
- Клима и Wi-Fi (вклучени во цената)
- Паркинг за ограничен број возила, во зависност од расположливост
Во цената не е вклучено:
- туристичка такса – 2 евра по соба на ден се плаќа во објектот
- превоз
- патничко осигурување
- дополнителни трошоци
СЛИКИ:
ПРЕВОЗ:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
- -Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
- -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
- -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) – 50еур по лице
- -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
- -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- -Битола -(Спортска сала) – 45еур по лице
- -Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
- -Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
- -Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- -Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин, (ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ САМО ЗА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)
- Попустите не може да се комбинираат,
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 23 кг и 1 парче рачен багаж.
- Секој дополнителен багаж се наплаќа 20 евра по куфер.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.