You are currently viewing Куќа “Zayia”- Јерисос 2024

Куќа “Zeyia”- Јерисос

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Куќа“Zeyia”се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, на мирна локација и е една од најквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и пространи реновирани тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има прекрасно уреден двор и паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа на лице место при сместувањето и изнесува 1,50 евра на ден по апартман.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м². Има поглед на градина од една тераса (од спална)  и директен поглед море од друга тераса (од дневна).Дуплекс апартманот има три простории: дневна соба во која има софа на пуштање, маса со столови, ТВ и клима, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран тоалет со туш кабина, а во третата просторија е спална соба со брачен кревет со стандардни дмензии. Опремен е со квалитетен мебел.
Апартман број 2 (1/2+2) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба софа на пуштање (наменета за две деца до 12 год или еден возрасен) со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када, и сопствена тераса со маса и столови која има поглед кон прекрасната градина.
Дуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 43м². Има две одвоени спални соби со брачен кревет и посебна дневна соба со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран сопствен реновиран тоалет со туш кабина. Опремен е со многу квалитетен мебел. Има огромна тераса со маси и столови со поглед кон прекрасната градина.

GPS  40.40005, 23.88018

Попуст – 12 % за 50 % уплата заклучно со 30.03.2024 (сабота)
и целосна доплата заклучно со 20.04.2024 (сабота)

Вонсезонски цени

Термин Ноќи 1/2 + 2 апп. бр.2       (задолжителнo плаќаат 2-ца) 1/4 дуплекс апп. бр.1 (задолжително плаќаат 2-ца)  1/4 дуплекс апп. бр.3      (задолжително плаќаат 4-ца)
26/05-02/06 7 139 159 109
02/06-09/06 7 179 209 129
09/06-16/06 7 209 239 149
16/06-23/06 7 229 259 169
23/06-30/06 7 259 279 179

* цена по лице со вклучен превоз

Сезонски цени

Термин Ноќи 1/2 + 2 апп. бр.2 1/4 дуплекс апп. бр.1  1/4 дуплекс апп. бр.3 
30/06-07/07 7 669 699 759
07/07-14/07 7 699 739 799
14/07-21/07 7 739 799 849
21/07-28/07 7 739 799 849
28/07-04/08 7 739 799 849
04/0811/08 7 739 799 849
11/0818/08 7 739 799 849
18/0825/08 7 739 799 849
25/0801/09 7 719 769 809

 * цена за наем на апартман

Вонсезонски цени

Термин Ноќи  1/2 + 2 апп бр.2 (задолжително плаќаат 2-ца  1/4 дуплекс апп. бр.1 (задолжително плаќаат 2-ца 1/4 дуплекс апп. бр.3 (задолжително плаќаат 4-ца)
01/0908/09 7 249 279 159
08/0915/09 7 229 249 149
15/0922/09 7 189 209 129
22/0929/09 7 129 159 109

* цена по лице со вклучен превоз

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИСЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа: За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра) За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550 мкд. (25 евра) Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираатпомеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место во агенцијата, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио/апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „С- ТРАВЕЛ“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ